ГРАТИС
Зајакнување на имунитетот кај децата при поаѓање во градинка и училиште
Поаѓање во градинка и училиште претставува голем пресврт за децата и родителите. Родителите првенствено се грижат како децата ќе се “одвојат„ од домот, но од друга страна се свесни дека децата почесто ќе се разболуваат. Во секој случај, сите деца не се разболуваат исто, но некои деца многу често се разболуваат, посебно во првата година во градинка. Најчесто се јавуваат инфекции на респираторниот и гастроинтестиналниот систем, како и некои други заразни болести како што се сипаници, шарлах и останати детски болести.