ГРАТИС
Зајакнете го имунитетот на Вашето дете пред тргнување во градинка или училиште
Настинки и други инфекции на респираторниот систем се најчеста причина за изостаноци од градинка или од работа. Во училиштата и градинките настинките и кашлицата лесно се пренесуваат од дете на дете. Во споредба со возрасните, децата почесто се разболуваат, затоа што нивниот организам сеуште не успеал да изгради соодветен имунитет (со секоја вирусна инфекција организмот воспоставува имунитет на новиот вирус).