Редакција Defendyl-Imunoglukan P4H®

Зајакнување на имунитетот на целото семејство за време на празници и годишен одмор

Кога одиме на краток излет или годишен одмор, не размислуваме на можните „штетници“ кои можат да навлезат во нашиот организам и да предизвикаат разни болести. Меѓутоа тие „штетници“ се присутни постојано околу нас. Нашиот имунолошки систем е постојано спремен, но кога има премногу штетни фактори и организмот попушта. Патувања, промена на средина, повисоки или пониски температури од нормалните, исто така претставуваат стрес за нашиот организам, што може да предизвика пад на имунитетот и здравствени проблеми.

Познато е дека вирусите се активни дури и во топлите месеци, посебно ентеровирусите. Инфекцијата со овие вируси најчесто се манифестира со покачена температура, болка во грлото, главоболка, болка во мускулите, малаксаност и гастроинтестинални тегоби. Користење на клима уредите во просториите и возилата може да придонесат кон зголемувањето на зачестеноста на инфекциите на респираторниот систем, преку дехидратација на слузокожата и забрзано ширење на микроорганизмите и вирусите во просторот.

Обезбедете правилна заштита на имунолошкиот систем во текот на целата година! Погрижете се за урамнотежена исхрана, редовна физичка активност, доволно сон и релаксација. Кај зголемени оптоварувања (работни или приватни) можете да земате соодветни производи кои ќе ги купите во аптека и кои корисно ќе делуваат на имунитетот.

Безгрижно на одмор со зајакнат имунолошки систем

За добра подготовка на имунолошкиот систем, потребно е организмот да се снабди со соодветни хранливи материи. За зајакнување на имунитетот потребни се разновидни витамини (витамин Ц, Д и Е), минерали (на пр. цинк, селен, …), како и останати природни препарати, на пр. бета-глукани кои влијаат на зајакнување на имунолошкиот систем. Одредени хранливи материи можеме да му ги обезбедиме на организмот со правилна исхрана, а кога имунолошкиот систем ќе ослабне, потребни се производи кои содржат големи количини од овие хранливи материи.

Defendyl-Imunoglukan P4H® производите содржат IMG® – природен екстракт од печурка буковка, како и витамин Ц и цинк. Одбраните состојки во препорачани количини помагаат во функцонирањето на имунолошкиот систем.

Витаминот Ц и цинкот придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц исто така придонесува за намалување на замор и исцрпеност.

Имунолошкиот систем мора да биде спремен во секој момент, дури и кога сте на одмор. Подгответе го Вашиот куфер, но и Вашиот имунолошки систем.

Едно семејство подготвува здрав оброк во кујната.

Во случај на инфекција, за побрзо враќање на годишен одмор

Кога имунолошкиот систем е ослабен и доаѓа до инфекција, покрај олеснувањето на симптомите, потребна е поддршка со природни препарати кои помагаат во зајакнување на имунитетот. Се препорачува превентивно земање на овие производи и по појавата на инфекцијата, за да би му овозможиле брзо закрепнување на организмот. На долг рок, здравиот имунолошки систем нѐ штити од инфективни болести.

За време на зголемена активност на имунолошкиот систем при акутни респираторни инфекции се создаваат милиони нови имунолошки клетки, при што се зголемува и потребата за витамин Ц и цинк. Нашиот имунолошки систем почнува да се бори против инфекциите, а оздравувањето зависи од јачината и брзината на имунолошкиот одговор. Во овој период се препорачува интензивна поддршка од природниот имунолошки одговор.

Defendyl-Imunoglukan P4H® производите содржат IMG® – природен екстракт од печурка буковка, како и витамин Ц и цинк. Одбраните состојки во препорачани количини ја помагаат работата на имунолошкиот систем.

Уште некои совети за зајакнување на имунолошкиот систем

  • Клима уредите во авионите, хотелите и автомобилите кои влијаат на сувоста на усната слузокожа. Во слузта која се излачува во дишните патишта и желудникот се собираат бројни микроорганизми, помеѓу кои и вирусите, кои секако ги има во полн авион.
  • Промени во температурата кога разликата од утро до пладне е и повеќе од 10°C.
  • Стрес пред тргнување на одмор.

Доколку чувствувате дека ќе се разболите, не се двоумите и веднаш погрижете се за зајакнување на имунитетот и уживајте во текот на целиот одмор.

Поврзани статии

Прочитајте уште повеќе содржини кои можат да ви бидат од помош.

Пријавете се за Медисови е-новости

Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!