Природна помош за имунолошкиот систем

Defendyl-Imunoglukan P4H® е додаток во исхраната кој содржи природен Imunoglukan®, витамин Ц и цинк.

печурката буковкаImunoglukan® е природна биоактивна супстанција, изолирана од печурката буковка.

Витаминот Ц и цинкот влијаат на работата на имунолошкиот систем, како и на заштитата на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц придонесува и за намалување на уморот и исцрпеноста.

Defendyl-Imunoglukan P4H® поволно влијае врз отпорноста на организмот кој слабее како резултат на исцрпеност, чести инфекции, употреба на антибиотици или поради долготрајна болест.

Развојот на производите Defendyl-ImunoglukanP4H® се заснова на дваесетгодишни истражувања, кои го потврдија неговиот имуномодулаторен ефект и безбедноста, дури и при повеќемесечно користење. Безбедноста на производите Defendyl-Imunoglukan P4H® е потврдена со клинички испитувања кај возрасни и кај деца постари од една година.

Производите Defendyl-Imunoglukan P4H® се погодни за целото семејство, за дијабетичари и за вегетаријанци. Не содржат ниту глутен ниту лактоза.

Практични примери на употреба

Одберете соодветен Defendyl-Imunoglukan P4H® производ

ПРЕВЕНТИВА И НАМАЛЕНА ОТПОРНОСТ

ДЕЦА НА ПРЕТШКОЛСКА ВОЗРАСТ

  • за зајакнување на отпорноста при поаѓање во градинка
  • во сезона на настинки (септември – март)
  • кога децата се во контакт со заболени
  • кај деца кај кои инфекциите често се повторуваат (настинки, односно вирози, ларингитис, бронхитис, воспаление на ушите, ангина)
  • кај ослабен имунолошки систем по закрепнување од одредена болест или по операција
  • при прележување сипаници

Препорачуваме: сируп Defendyl-Imunoglukan P4H®

ДЕЦА НА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ И ВОЗРАСНИ

  • во сезона на настинки (септември – март)
  • кога сте во контакт со заболени дома или на работа
  • кога инфекциите често се повторуваат (настинка, односно вирози, ларингитис, бронхитис, воспаление на ушите, ангина)
  • кај ослабен имунолошки систем по закрепнување од одредена болест или по операција
  • кога интензивно се занимавате со спорт (спортисти)
  • кога сте изложени на поголем психички и физички напор (стрес, помалку спиење, напорна работа, нередовна исхрана)

Препорачуваме капсули Defendyl-Imunoglukan P4H®

ПОГОЛЕМА ДОЗА ЗА ПОБРЗО ДЕЈСТВО

ДЕЦА

  • при првите знаци на лошо расположение (исцрпеност, намалена енергија и умор)
  • што е можно побрзо, при симптоми на акутна инфекција (шмркање, кивање, болки во грлото, болки при голтање, покачена телесна температура, кашлање)

За деца на претшколска возраст препорачуваме сируп Defendyl-Imunoglukan P4H® – еднаш дневно двојна доза, барем првите 3 дена 

За деца на училишна возраст препорачуваме капсули Defendyl-Imunoglukan P4H® – еднаш дневно 2 капсули, барем првите 3 дена

ВОЗРАСНИ

  • при првите знаци на лошо расположение (исцрпеност, намалена енергија и умор)
  • што е можно побрзо, при симптоми на акутна инфекција (шмркање, кивање, болки во грлото, болки при голтање, покачена телесна температура, кашлање)

Препорачуваме капсули Defendyl-Imunoglukan P4H®

При зголемени потреби, барем првите 3 дена земајте по 3 капсули еднаш дневно, а потоа продолжете со 1 капсула дневно, додека не го потрошите пакувањето.

Defendyl-Imunoglukan P4H® Сируп

За поголема отпорност за деца на претшколска возраст

Сирупот Defendyl-Imunoglukan P4H® е додаток во исхраната со Imunoglukan и со витамин Ц.

  • Погоден за повеќемесечна употреба без прекини
  • Ја зајакнува отпорноста пред и за време на сезоната на настинки
  • При зголемени потреби, дозата може двојно да се зголеми
  • Неутрален вкус
  • Едноставно дозирање во зависност од телесната тежина на детето, во прилог е и чашка за дозирање
  • Само еднаш дневно
  • Погоден и за возрасни на кои повеќе им одговара течност
  • По првото отворање на шишенцето, може да се употребува уште 3 месеци
  • 1 шишенце (120 мл) е доволно за употреба од 1 – 2 месеци (во зависност од тежината на детето)

Пресметајте ја препорачаната доза од сирупот

Тежина на детето: 0 кг
Дневна доза
0 мл
Двојна дневна доза*
0 мл
*На пример: во случај на лоша општа состојба, при првите знаци на вироза или друга инфекција, ако некој член од семејството е болен.

Defendyl-Imunoglukan P4H® Капсули

За поголема отпорност

Капсулите Defendyl-Imunoglukan P4H® се додаток во исхраната со Imunoglukan, витамин Ц и со цинк, кои влијаат на работата на имунолошкиот систем.

  • За возрасни и за деца над 7 години
  • За зајакнување на отпорноста пред и за време на сезоната на настинки
  • За зголемување на енергијата
  • Може да ги земате повеќе месеци без прекин
  • Може да ги земате истовремено со антибиотици и со други лекови
  • Мала капусла
  • Само еднаш дневно

Капсулите Defendyl-Imunoglukan P4H® им ги препорачуваме на сите кои често се разболуваат, брзо се заморуваат и се изложени на психички или физички стрес.

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.