Редакција Defendyl-Imunoglukan P4H®

Зајакнување на имунитетот на целото семејство во сезона на настинки, грип и останати вируси

Се чувствувате лошо, имате треска, кивавица, ви тече носот? Дали е само обична настинка или се работи за грип? Настинката и грипот, спаѓаат во вирусни болести кои се нарекуваат вирози.

Без разлика на тоа кој вирус ве нападнал (на пр. вирус на грип или настинка), за време на лекувањето се препорачува добро да се одморите, да пиете многу течности и да го зајакнете Вашиот имунолошки систем. Однесувајте се одговорно, останете во Вашиот дом и на тој начин ќе спречите понатамошно ширење на инфекцијата на членовите од семејството, колегите од работа или од училиште. Доколку вирозите немаат компликации, брзо поминуваат (во рок од една недела) и за тоа време можете слободно да одвоите време за себе и за своето здравје.

Пред сезоната на грип и настинки, препорачливо е да го зајакнете Вашиот имунолошки систем со витамини, минерали и бета-глукани. Додека пак на здравствените работници, особено на оние со хронични болести и повозрасни, се препорачува вакцинација против грип.

За време на зачестени вирусни болести, многу е важно редовно миење на рацете и што помалку допирање на лицето со рацете. Доколку сте настинати, бидете одговорни, водете сметка за хигиената при кашлање и кивање и што помалку контакт со други луѓе.

Силниот имунолошки систем ви помага да го поминете вирусниот период со помалку инфекции

Зајакнат имунолошки систем им овозможува на децата да останат здрави во училиште и во градинка. За добра подготовка на имунолошкиот систем, потребно е да се снабди со соодветни хранливи материи. За зајакнување на имунитетот потребни се разновидни витамини (витамини Ц, Д и Е), минерали (на пр. цинк, селен, …), како и други природни препарати, на пр. бета-глукани кои влијаат на зајакнување на имунолошкиот систем. Одредени хранливи материи можеме да ги обезбедиме преку правилна исхрана, а кога имунолошкиот систем ќе ослабне, потребни се производи кои содржат големи количини од овие хранливи материи.

Defendyl-Imunoglukan P4H® производите содржат IMG® – природен екстракт од печурка буковка, како и витамин Ц и цинк. Одбраните состојки во препорачани количини ја помагаат работата на имунолошкиот систем.

Витаминот Ц и цинкот придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц исто така придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста.

Сезона на засилени настинки се јавува секоја година. Нека биде оваа година поразлична и поради тоа зајакнете го Вашиот имунитет пред почеток на сезоната на честите настинки.

Татко и дете уживаат во сендвич.

Зајакнат имунолошки систем помага во борба против инфекции

Општа малаксаност, замор и исцрпеност се првите знаци кои ни говорат дека е намален имунитетот, односно дека настанала инфекција. Времето од почеток на инфекцијата до појавата на првите симптоми (период на инкубација) обично трае од 36 до 72 часа.

Кога имунолошкиот систем е ослабен и доаѓа до инфекција, покрај олеснувањето на симптомите, потребна е поддршка со природни препарати кои помагаат во зајакнување на имунитетот. Се препорачува превентивно земање на овие производи и по појавата на инфекцијата, за да би му овозможиле брзо закрепнување на организмот. На долг рок, здравиот имунолошки систем нѐ штити од инфективни болести.

За време на зголемена активност на имунолошкиот систем при акутни респираторни инфекции се создаваат милиони нови имунолошки клетки, при што се зголемува и потребата за витамин Ц и цинк. Нашиот имунолошки систем почнува да се бори против инфекциите, а оздравувањето  зависи од јачината и брзината на имунолошкиот одговор. Во тој период се препорачува интензивна поддршка од природниот имунолошки одговор.

Доколку чувствувате дека ќе се разболите, не чекајте и веднаш погрижете се за зајакнување на имунитетот и уживајте во текот на целиот одмор.

Поврзани статии

Прочитајте уште повеќе содржини кои можат да ви бидат од помош.

Пријавете се за Медисови е-новости

Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!