
Зајакнување на имунитетот кај децата при поаѓање во градинка и училиште
Поаѓање во градинка и училиште претставува голем пресврт за децата и родителите. Родителите првенствено се грижат како децата ќе се „одвојат“ од домот, но од друга страна се свесни дека децата почесто ќе се разболуваат. Во секој случај, сите деца не се разболуваат исто, но некои деца многу често се разболуваат, посебно во првата година во градинка. Најчесто се јавуваат инфекции на респираторниот и гастроинтестиналниот систем, како и некои други заразни болести како што се сипаници, шарлах и останати детски болести.
Вирусните инфекции на респираторниот систем се најчести кај децата, посебно кога се разболуваат од инфекции на горните респираторни патишта (настинка, воспаление на синуси, уши и грло). Овие инфекции обично не се тешки, но ако се повторуваат и ако се долготрајни, можат да влијаат на квалитетот на животот на детето. Воспаленијата на долните респираторни патишта (душник, бронхии и бели дробови) претставуваат само пет проценти од сите инфекции на респираторниот систем.
Во училиштата и градинките вирусните инфекции лесно се пренесуваат од дете на дете, најчесто поради големиот морбидитет кај децата во оваа старосна група и затоа што децата сѐ уште не развиле соодветен имунитет. Со секоја вирусна инфекција организмот развива имунитет на новиот вирус. Вирусите се шират најчесто по капков пат, долго остануваат во воздухот и на предметите и на тој начин кружат помеѓу децата и предизвикуваат разни болести.

Децата кои имаат добро развиен имунолошки систем, поретко се разболуваат од инфективни болести. Отпорноста на детето се постигнува со разновидна и со исхрана богата со витамини, повеќе прошетки на свеж воздух и се разбира доволно одмор за да им се врати енергијата и на тој начин подобро се да брани организмот од болеста.
Кај зголемени оптоварувања, исто така е корисно да се земаат производи за зајакнување на имунитетот. Прочитај повеќе: Како се развива имунолошкиот систем во детството и што влијае на него?
Зајакнат имунолошки систем им овозможува на децата да останат здрави во училиште и во градинка
За добра подготовка на имунолошкиот систем потребно е организмот да се снабди со соодветни хранливи материи. За зајакнување на имунитетот потребни се разновидни витамини (витамини Ц, Д и Е), минерали (на пр. цинк, селен, …), како и други природни препарати, на пр. бета-глукани кои влијаат на зајакнување на имунолошкиот систем. Одредени хранливи материи можеме да ги обезбедиме преку правилна исхрана, а кога имунолошкиот систем ќе ослабне, потребни се производи кои содржат големи количини од овие хранливи материи.
Defendyl-Imunoglukan P4H®производите содржат IMG® – природен екстракт од печурка буковка, како и витамин Ц и цинк. Одбраните состојки во препорачани количини ја помагаат работата на имунолошкиот систем.
Витаминот Ц и цинкот придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц исто така придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста.
Зајакнете го имунолошкиот систем на Вашите деца и помогнете им во борбата против вирусите и бактериите во училиште или градинка.

По прележана инфекција за побрзо враќање во училиште и градинка
Кога имунолошкиот систем е ослабен и доаѓа до инфекција, добро е да му се помогне со природни препарати кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Се препорачува превентивно земање на овие производи и по појавата на инфекција, за да му овозможиме на организмот побрзо закрепнување. На долг рок, здравиот имунолошки систем нѐ штити од инфективни заболувања.
За време на зголемена активност на имунолошкиот систем при акутни респираторни инфекции се создаваат милиони нови имунолошки клетки, при што се зголемува и потребата за витамин Ц и цинк. Нашиот имунолошки систем почнува да се бори против инфекциите, а оздравувањето зависи од јачината и брзината на имунолошкиот одговор. Во овој период се препорачува интензивна поддршка од природниот имунолошки одговор.
Defendyl-Imunoglukan P4H® производите содржат IMG® – природен екстракт од печурка буковка, како и витамин Ц и цинк. Одбраните состојки во препорачани количини ја помагаат работата на имунолошкиот систем.

Зајакнете го имунолошкиот систем на Вашите деца веднаш при појава на првите знаци на пад на имунитетот и на првите симптоми и овозможете им побрзо враќање во училиште или градинка.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!





