
Што да направите при првите знаци на настинка или грип
Со доаѓањето на есента и зимата, пристигнуваат и дождовите, студот и ветрот, почнуваат настинките и пролазните кашлици, се појавува и стресот. Во ова време најчесто се појавуваат зимските инфекции на респираторниот систем, а луѓето најчесто се во затворени простории со што се поттикнува ширењето на инфекциите.
1. Пијте доволно течности
Внесувањето на доволна количина на течности е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за да го припремите вашиот организам за борба против лошите микроорганизми. Најдобро е да пиете вода, чаеви без кофеин, спортски пијалоци и пијалоци без шеќер. Ви препорачуваме и сокови со голема количина на витамин Ц како што е свежо исцеден сок од портокал.
2. Дозволете си доволно сон и одмор
Во првите 24 часа од почетокот на настинката важно е на своето тело да му дадете многу сон и одмор за да може лесно да се опорави. Истражувањата покажаа дека луѓето што ноќе спијат помалку од 7 часа три пати се посклони кон настинки од оние што спијат 8 часа и повеќе.
3. Не претерувајте со активности
При првите знаци на настинка или грип намалете ја дополнителната физичка активност и на вашето тело дајте му доволно време за одмор и оздравување, бидејќи така ќе му помогнете на организмот да зајакне.
4. Јадете лесна храна
Кога вашето тело се бори против настинка, важно е да му обезбедите доволно храна која е извор на енергија. Храната мора да биде здрава и урамнотежена. Ви препорачуваме храна лесна за желудникот, како што е варен зеленчук, свежо овошје, домашни супи, смути и лесно сварливи јаглени хидрати како ориз и тост.

5. Гаргарете солена вода
Еден од најприродните начини за борба против болката во грлото е солената вода. Се врзува прекумерната вода од ткивото на грлото, го намалува воспалението и го чисти слузот и материите што го иритираат грлото. Гаргарата ги отстранува бактериите и вирусите. Доволно е да растворите половина лажичка сол во чаша вода и да направите неколку гаргари.
6. Земете Defendyl-Imunoglukan P4H®
При првите знаци на лоша општа состојба, замор и исцрпеност ви препорачуваме да земете три капсули Defendyl-Imunoglukan P4H®. Покрај IMG® содржи цинк и витамин Ц за поддршка на имунолошкиот систем и намалување на заморот и исцрпеноста.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!









