Сара Крамбергер, м-р. хем.

Рецепти со печурки

Буковката е една од лековитите видови на печурки. Познаваме повеќе видови на печурки од родот Pleurotus, па така покрај обичната буковка постои лисичарка буковка, плава буковка и други. Буковката или Pleurotus ostreatus е дрвна печурка која е честа и во нашите краеви.

Се наоѓа на стеблата и трупците од листопадните дрвја, посебно на буката, дивиот костен, брестот и оревот. Буковката можеме да ја купиме на есен на пазар, а во текот на целата година во подобро снабдените продавници. Буковката е здрава намирница богата со витамини, минерали и влакна. Собравме неколку извонредни рецепти со буковки, кои можете да ги замените со вргањ или шампињони.

Тестенини со буковки

СОСТОЈКИ:

  • 1 пакет печурки буковка (спакувани се во пластична кутија),
  • 500 гр тестенини (облик спирала),
  • 1 кисела павлака,
  • 1 кромид,
  • 3 чешлиња лук,
  • маслиново масло,
  • малку брашно,
  • босилек,
  • свеж магдонос,
  • сув мешан зачин,
  • пармезан по желба.

ПРИПРЕМА:

Во солена врела вода во која сме додале лажица масло ги вариме тестенините на начин al dente (тоа значи дека тестенината при пробување е зготвена, но не и преварена, значи баш како што треба да биде; следете ги упатствата од кесичката).

Додека тестенините се варат, земаме тава, ставаме малку маслиново масло (лажица или две), ги додаваме насецканите кромид и лук, а потоа мешаме додека не станат жолтеникави. Во тавата ги додаваме претходно измиените и исецкани буковки; кај оваа печурка можат да се употребат сите делови. Пржиме околу пет минути, а потоа додаваме лажица брашно и малку вода, па повторно мешаме да се зготви добро. Го додаваме босилекот и зачинуваме по потреба. Во смесата ја додаваме киселата павлака и оставаме да се готви уште 5 до 10 минути. На крај на сосот му додаваме магдонос.

Тестенините прелијте ги со сосот и по желба посипете пармезан.

Време на подготовка: 30 минути

Количина: за 4 лица

Супа од печурки од остриги.

Супа од буковки

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр буковки,
  • пола кромид,
  • 2 лажици маслиново масло,
  • 1 лажица мешан сув зачин,
  • бел бибер,
  • 100 мл слатка павлака,
  • 1 лажица лимонов сок,
  • крукчиња за супа или пропржени коцки леб по желба.

ПРИПРЕМА:

На загреано масло го пропржуваме насецканиот кромид, ги додаваме кришките буковка, кратко пржиме, додаваме еден литар вода и готвиме се додека печурките не омекнат. Зачинуваме со мешаниот сув зачин и белиот бибер, по потреба додаваме уште малку вода и готвиме уште пет минути. На зготвената супа ѝ додаваме лимонов сок и павлака и додаваме сол по вкус. На супата можеме да додадеме и крукчиња за супа или пропржени коцки леб (крутони).

Плескавици со букова печурка од остриги.

Плескавици со буковки

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр буковки,
  • 3 лажици маслиново масло,
  • 1 помал кромид,
  • 1 чешле лук,
  • 2 лажици исецкан власец,
  • 5 лажици презла или интегрално брашно,
  • 2 јајца,
  • сол по потреба,
  • 50 гр свежо нарендан пармезан,
  • сусам по желба.

ПРИПРЕМА:

Печурките ги чистиме и ги сечеме на листови. Ги чистиме кромидот и лукот и ги сечеме на парчиња. Кромидот го пропржуваме на загреано масло. Кога кромидот ќе омекне ги додаваме исечените буковки и лукот. Готвиме додека не испари водата од печурките. Додаваме власец, презла, јајца и пармезан. Оставаме да отстои 10 минути за да брашното ја впие течноста. Ако користиме презла, нема потреба да чекаме. Со прсти ја обликуваме масата во облик на плескавици и по желба ги валкаме во семки од сусам. Ги ставаме на загреано масло и печеме од секоја страна по три минути, односно додека не добијат темно златна боја.

Ги послужуваме на листови од рукола или маточина.

Време на подготовка: 15-20 минути

Количина: за 4 лица

Пријавете се за Медисови е-новости

Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!