
Работата на имунитетот е особено важна. Дали знаете како работи?
Приказната за имунитетот е навистина сложена, но рецептот за правилна и ефикасна работа е едноставен, а тука се подразбира правилна исхрана и здрав начин на живот, кои вклучуваат доволно сон и одмор, како и рекреативни физички активности.
Формирање на имунолошкиот систем кај децата
Имунитетот се создава пред раѓањето и тоa е вродениот или т.н. неспецифичен имунолошки одговор, кој се смета за прва линија на одбрана на нашиот организам. Со самото раѓање детето презема дел од мајчиниот микробиом кој станува дел од неговиот гастроинтестинален и респираторен систем, како и дел од составот на кожата, а со доењето продолжува да добива имунолошки клетки и пробиотици кои понатаму го формираат имунолошкиот одговор. Кога ќе дојде во контакт со надворешниот свет, детето стекнува т.н. специфичен имунолошки одговор, на тој начин создава имунолошки клетки кои го штитат од точно определени антигени.
Врз работата на имунитетот влијае целиот надворешен свет, а во првата линија поднебјето во кое е родено детето и во кое израснало, како и храната која ја консумира. Правилниот начин на исхрана и активниот начин на живот се основата за развој и одржување на правилниот и ефикасен имунолошки систем.
Храната содржи хранливи материи кои можат многу да влијаат врз работата на имунолошкиот систем.
Храна за добар имунолошки систем
Храната содржи хранливи материи кои можат многу да влијаат врз работата на имунолошкиот систем. Витамините А, Ц, Д, Е и Б-комплексот, како и минералите како цинкот и бакарот, играат важна улога во регулацијата на имунолошкиот систем. Витамините и минералните материи со непосредна или посредна реакција влијаат на заштитната функција на слузницата и кожата, на тој начин врз создавањето на имунолошките клетки како макрофагите, неутрофилите и лимфоцитите.

Храната содржи хранливи материи кои можат многу да влијаат врз работата на имунолошкиот систем.
Што влијае на имунолошкиот систем?
Имунолошкиот систем е под непрекинато влијание од нашата непосредна околина. Секоја нерамнотежна состојба како:
- неправилна исхрана,
- недоволно сон,
- недостатокот или прекумерната телесна активност, како и
- изложување на несоодветни временски услови
создаваат стрес на нашиот организам, кој тогаш е подложен на инфекции и развој на многу болести.
Јак или слаб имунитет
Имунолошкиот систем дава одговор на сите промени создавајќи одреден тип и количина на имунолошки клетки и молекули, што може да го карактеризира како „добар“ или „лош“, „јак“ или „слаб“ имунитет. Со оглед на тоа што модерната западна култура често подразбира често изложување на неурамнотежен начин на живот, имунолошкиот одговор е често недоволно јак, па дури и во целост несоодветен, а можни последици се чести инфекции и заболувања.

Грижете се за својот имунитет за да може и тој да се грижи за вас!
Помош на имунолошкиот систем
Токму од таа причина научниците започнале со истражување на природните компоненти во храната и билките кои би можеле дополнително да ја подобрат, односно модифицираат работата на имунолошкиот систем, патем сѐ повеќе се говори за супстанците кои имаат имуномодулаторен ефект или т.н. имуномодулатори.
Покрај витамините и минералите силно имуномодулаторно дејство имаат и пробиотиците, полифенолните компоненти како бета-глуканите, но и врските кои се наоѓаат во поединечни компоненти како ментол, родиола, црн бозел и др. Под имуномодулаторно дејство се подразбира поттикнување на имунолошкиот систем на производството на имунолошки клетки (леукоцити и лимфоцити), а од друга страна смирување на неправилниот, односно автоимун одговор при кои имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените клетки и ткива.
Бета-глукани
Едни од најистражуваните имуномодулаторни компоненти се бета-глуканите. Тие се сложени јаглехидрати кои природно се присутни во квасците и габите. Клиничките истражувања покажале дека бета-глуканите добиени од габите, посебно од габата буковка има значително поголемо терапевтско дејство од оние од квасецот. За бета-глуканите карактеристична е активација на макрофагите, имунолошките клетки кои го штитат организмот од инфекции, но исто така веќе долго е познато нивно антитуморно дејство.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!







