Nives Boltar

Нивес Болтар
регионален продукт менаџер за имуноглукан P4H®

Не дозволувајте настинката да го расипе вашиот летен одмор!

Дали понекогаш се прашувате како е можно да се разболите токму во периодот кога сте на годишен одмор или кога тргнувате на пат и зошто децата настинуваат и во лето кога надвор е топло?

Превентивни мерки за годишен одмор

Погрижете се да не Ве изненади лоша општа состојба на вашето тело за време на годишниот одмор. Кога ќе почувствувате дека ви се намалува отпорноста, може да го зајакнете Вашиот имунолошки систем со Defendyl-Imunoglukan P4H®. Содржи природен IMG®, кој ја поттикнува работата на имунолошките клетки и на тој начин помага во постигнување на поголема отпорност. Исто така содржи и витамин Ц и цинк, кои придонесуваат во работата на имунолошкиот систем.

⁠Пред годишниот одмор, нашиот имунолошки систем бил во постојана рамнотежа, а со првата прилика на опуштање таа рамнотежа може да се наруши. Телото и здравјето можеме да ги зајакнеме со здрав начин на живот – со физичка активност, разновидна здрава храна и со престанување со штетните навики.

Мајка и ќерка уживаат во здрав оброк.

Пад на имунитетот во лето

Нашиот организам и во лето треба непрекинато да внимава на микроорганизмите кои можат да влезат во нашето тело и да предизвикаат разни болести.

Најчести причини за намалување на имунитетот во лето се:

  • Клима уредите во авионите, хотелите и автомобилите кои влијаат на сувоста на усната слузокожа. Во слузта која се излачува во дишните патишта и желудникот се собираат бројни микроорганизми, помеѓу кои и вирусите, кои секако ги има во полн авион.
  • Промени во температурата кога разликата од утро до пладне е и повеќе од 10°C.
  • Стрес пред тргнување на одмор.

Поврзани статии

Прочитајте уште повеќе содржини кои можат да ви бидат од помош.

Пријавете се за Медисови е-новости

Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!