
Лето и болести кај децата
Летото ни носи топли, безгрижни денови со високи температури, летувања и бањање во море или базен, … Меѓутоа болестите не мируваат ни во лето.
Ако се соочувате со овие тегоби, прочитајте на што сѐ треба да обрнете внимание за да не ја влошите дополнително и онака ослабената здравствена состојба.
Детето кое користи антибиотици не смее да се изложува на сонце
Дали сте знаеле дека при користење на некои антибиотици, по изложување на сонце, на кожата може да се појави осип сличен на изгореници од сонце? Чувството на кожата е непријатно, се чувствува пецкање и бодење. Оваа појава стручно се нарекува фототоксична реакција. Во ретки случаеви е можна фотоалергиска реакција, што значи дека покрај споменатите симптоми се појавува и оток и чешање. Зафатената кожа може да биде со темна боја, односно хиперпигментирана.
Совет: Детето кое во летните месеци е на антибиотска терапија треба што помалку да се изложува на сонце.
Превенција за семејните летни ангини
И во топлите летни месеци ангината не мирува. Зошто е тоа така? Затоа што преку целата година сме подложни на инфекции со бактеријата која ја предизвикува ангината. Тоа нормално е поврзано со работата на имунолошкиот систем. Сепак постојат и такви луѓе кои постојано ја имаат бактеријата во грлото, но сепак се сосема здрави. Тие можат да се разболат кога ќе им се намали отпорноста или кога ќе се разболи некој член од нивното семејство. Бактеријата се пренесува при блиски контакти, на пример при бакнување, употреба на иста четка за заби, прибор за јадење, чаша, … Затоа за спречување на пренесувањето на бактеријата која предизвикува ангина многу се важни хигиенските услови.

Совет: Можат да Ви помогнат производи за јакнење на имунитетот како што е на пример Defendyl-Imunoglukan P4H®.
Бањање во море при инфекција со овчи сипаници
Не се препорачува бањање во море или базен на дете кое е инфицирано со вирусот на овчи сипаници. Причини за тоа се следниве:
- Болеста е многу заразна и затоа детето мора да остане дома додека сите меурчиња на кожата и слузокожата не се исушат. Тоа обично трае од 7 до 10 дена.
- За време на инфекцијата имунолошкиот систем на детето е ослабен.
- Зафатената површина на кожата е подложна и на други инфекции.
- Изложеноста на сонце може дополнително да ја оштети инфицираната кожа.
Совет: Детето нека остане дома додека не се исушат сите меурчиња.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!





