
Инфекции кои децата тешко може да ги избегнат
На почеток на школската година и во текот на есенските и зимските месеци, многу инфекции ги напаѓаат нашите деца што понекогаш е тешко да се избегне. Кои се тие инфекции и што е карактеристично за нив, накратко ќе ви откриеме.
Настинка
Настинката е заразна вирусна болест која влијае на горните дишни патишта, особено на носот, а вообичаено и на грлото и синусите. Кашлица, воспалено грло, течење на нос, кивање, главоболка и покачена температура се карактеристични за настинката и најчесно исчезнуваат за една недела или нешто подолго, а во најлош случај за три недели. Важна мерка за заштита од инфекции е миење раце, особено ако претходно сме биле на места со многу луѓе како што се автобуси, трговски центри, амбуланти. Прочитајте повеќе за настинки кај децата во статијата: Децата и настинката.
Грип
Грипот е предизвикан од инфлуенца вирусот. Инфекциите се манифестираат со покачена температура, течење на нос, болки во грлото, мускулна болка, главоболка, кашлање и кивање, како и чувство на умор. Кај децата може да се појави и пролив и повраќање. Во сериозна форма на грип може да се појави и воспаление на белите дробови, што за одредена група на луѓе може да биде фатално. Прочитајте повеќе за грипот во статијата Грип кај децата: како да го препознаете и лекувате.

Бронхитис
Воспаление на слузокожата на бронхиите се нарекува бронхитис. Во повеќе случаи тоа е последица од вирусните инфекции на респираторниот систем, а може да биде и од бактериско потекло. Обично настанува од настинка. Бронхитисот се карактеризира со стеснување на дишните патишта, искашлување на зголемена количина на гнојав секрет и отежнато дишење. Често се појавува кај пушачи и луѓе со хронична белодробна и респираторна болест.
Воспаление на белите дробови
Пневмонијата е инфекција на белите дробови со воспаление на белодробните алвеоли (воздушни меурчиња) кои се исполнети со гнојав секрет, што го отежнува дишењето и внесот на кислород е ограничен. Воспалението на белите дробови е придружено со кашлица, болка во градите и покачена телесна температура. Нејзини предизвикувачи се вируси, бактерии и габи. Најчесто се јавува кај пушачи и луѓе кои престојуваат во просторија со сув воздух.

Пневмонија или воспаление на белите дробови е најголема причина за смрт на децата во светот. Според податоците на Светската здравствена организација во 2015 година 16% од децата помали од пет години умреле од пневмонија.
Ефикасна превенција преку додатоци
Еден од најефикасните начини да не дојде до настинка, односно развој на погоре опишаните болести на респираторниот систем е јак имунолошки систем. Во овие случаи и тоа како може да ви помогне Defendyl-Imunoglukan PH4®, кој овозможува јакнење на имунолошкиот систем пред и за време на сезоната на настинки, витаминот Ц и цинк ги штитат клетките од оксидативен стрес и помагаат да се намали заморот и исцрпеноста.
Оставете настинката, грипот, бронхитисот, пневмонијата, болка во грло и кашлица да останат само зборови на вашиот компјутер.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!







