Редакција Defendyl-Imunoglukan P4H®

Децата и настинката

Настинките и останатите инфекции на респираторниот систем се најчеста причина за изостаноци од градинка или училиште. Во овие установи настинката лесно се пренесува од дете на дете. Во споредба со возрасните, децата почесто се разболуваат затоа што нивниот организам сѐ уште не успеал да изгради соодветен имунитет – со секоја вирусна инфекција организмот стекнува имунитет на новиот вирус.

Во повеќето случаи настинката не е опасна и трае една недела или две. Меѓутоа, познато е дека децата може да бидат настинати и до осум пати годишно (дури и почесто).

Доколку на малото дете малку му тече носот, но нормално пие, си игра и е добро расположено, тогаш нема причина за грижа. Важно е да се ублажи настинката кај детето на разни начини.

Како да му се помогне на дете со настинка?

1. Чистење на носот

Чистење на носот со помош на физиолошки раствор е една од најпознатите и најкорисните методи за помош при настинка. Земете го малото дете во раце и капнете му капка физиолошки раствор во носот. Потоа со помош на аспиратор или рачна пумпа соберете ја течноста која тече, бидејќи малото дете не знае само да го издува носот. Може да користите физиолошки раствор во ампули или во облик на спреј. Се препорачува да се чисти носот неколку пати на ден, бидејќи на тој начин му се олеснува дишењето на детето, се одржува правилна хигиена и се спречува задржување на вирусот на настинката во носната шуплина. За постари деца можете да користите и други методи на чистење на носот со физиолошки раствор.

2. Правилна хигиена

Кога веќе децата знаат да го исчистат носот, научете ги како да одржуваат правилна хигиена. Тоа значи дека по бришење на носот со хартиено марамче, марамчето да се фрли во корпа за отпадоци, а потоа да се измијат рацете со сапун. Доколку кашлаат и киваат, нека го прават тоа во марамче или горниот дел од ракавот.

Мајка и ќерка си ги мијат рацете.

3. Навлажнување на воздухот во просторијата

За време на настинка потребно е да обезбедите соодветна влажност на воздухот во просторијата во која децата спијат. Тоа можете да го направите со ставање на мокар пешкир на радијатор или со употреба на електричен навлажнувач на воздухот. На мали деца не им се препорачува вдишување на етерични масла.

4. Одмор и консумирање на топли напитоци

Морате да се погрижите детето да биде правилно хидрирано. Поттикнете го да пие многу течност – вода, топли чаеви, бистра супа (одберете спрема возраста на детето). Течноста ја влажи и ја смирува слузокожата на респираторниот систем и го олеснува излачувањето на слузот.

Погрижете се Вашето дете да одмора, бидејќи кога има настинка, неговото тело се бори со вирусите.

Кога да посетите лекар?

Педијатрите и лекарите од општа пракса во зимските месеци се многу зафатени бидејќи имаат бројни посети поради разни болести на респираторниот тракт, вклучувајќи ги и настинките, често пратени со кашлица. Во поголемиот број на случаи, поради настинка или кашлица, не мора да одите на лекар,бидејќи во аптека Вашиот фармацевт може да Ви препорача најсоодветно лекување.

Важно е да го следите детето и да ги следите сите промени во неговото расположение. Доколку приметите дека тешко дише, немирно е и раздразливо, одбива течности и температурата се качи над 38,5 ⁰C, во тој случај потребно е да се посети лекар. Кај доенчиња помали од шест месеци секако е потребна дополнителна претпазливост.

Татко се грижи за својата болна ќерка дома.

Можни компликации од настинка

Вирусните инфекции може да постанат бактериски. Најчести компликации вклучуваат воспаление на средното уво, синузитис и бактериско воспаление на белите дробови. Потешка компликација е бронхитис, кога инфекцијата поминува во долните респираторни патишта и се намалува дотокот на воздух во респираторните патишта. Опасен е и ларингитис, кога инфекцијата се сели во регијата околу гласните жици. Во такви ситуации децата дишат многу тешко и кашлаат силно.

⁠⁠Дури 90% од инфекциите на респираторниот систем се предизвикани од вируси, а лековите против вируси ретко се препишуваат бидејќи се тешко достапни. Луѓето најчесто очекуваат лекарот да им препише антибиотици за настинка. Но, лекарот им препорачува многу течности за да може убаво да се испотат. Исто така се препорачува да се води грижа за силата на имунитетот. На пр. природен екстракт од печурката буковка, а покрај него и витамин Ц и цинк, состојки кои ги содржат производите Defendyl-Imunoglukan P4H®.

Татко ѝ дава лек на својата болна ќерка.

Дали сте знаеле?

Децата чии родители пушат, почесто патат од кашлица и настинки.

Дали сте знаеле?

Спрема истражувањата, возрасните чии деца одат во градинка имаат 60% поголема можност за инфекции од возрасните чии деца не посетуваат градинка. Инфекциите се исто така почести кај повеќечлени семејства1.

Драги родители, како што се грижите за здравјето на Вашето дете, погрижете се за себе, за да и Вие останете здрави!

Извори:

1. Chen et al. Risk factors for acute respiratory infection in the Australian community. PLoS One. 2014 Jul 17;9(7):e101440.

Поврзани статии

Прочитајте уште повеќе содржини кои можат да ви бидат од помош.

Пријавете се за Медисови е-новости

Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!