
Дали ја познавате печурката буковка?
Буковката е многу призната печурка во кујната, која за време на првата светска војна овозможувала преживување и била основа во готвењето. Меѓутоа, моментално помага на илјадници луѓе во јакнењето на имунолошкиот систем. Звучи чудно, зар не? Буковката, односно Pleurotus ostreatus: здрава намирница која е составена дури од 85% вода. Богата е со влакна, бета-глукани и разни лековити активни супстанци.
Основни карактеристики на буковката
Буковката се смета за најчесто одгледувана печурка во светот. Печурката има облик кој наликува на школка острига. Името на печурката е условено со нејзиниот раст бидејќи најчесто успева на стеблата и трупците на листопадните дрвја. Дали некогаш сте приметиле школкасто сиво-кафени печурки кои личат на шешир и мирисаат на анис? Доколку одговорот е да, сте приметиле дека долната страна е бела и полна со ситни процепи.
Печурките може да ги береме во шума, а можеме да се одлучиме и да купиме печурки кои се одгледуваат. Мораме да бидеме внимателни и да употребуваме исклучиво млади и свежи печурки. Доколку сакаме да ги користиме и во летните месеци, можеме без проблем да ги замрзнуваме. Со нив можете да збогатите многу оброци и да ги импресионирате своите најмили. И не само тоа: бидејќи се многу хранливи, ќе се снабдите со вистински комплекс на витамини и минерали.
IMG® – високопрочистен природен екстракт од печурката буковка
Првата примена на буковката во лековити цели е забележана во петтиот век во источната медицина. Од тогаш привлекува внимание баш поради своите фармаколошки активни соединенија. Во подоцнежните сознанија е утврдено влијание во зајакнувањето на имунолошкиот систем.
Меѓутоа, во последно време најмногу внимание се посветува на имунолошкиот систем. Бета-глуканот од печурката буковка делува како имуномодулатор, што значи дека непрестајно ја регулира и одржува здрава имунолошка рамнотежа.
Со истражувањето и познавањето на производството на буковката се овозможила изолација на високопрочистен производ кој може да се вгради во различни фармацевтски облици. Патентиран екстракт од буковка, познат како IMG®, е достапен и на македонскиот пазар како дел од палетата производи Defendyl-Imunoglukan P4H® која е наменета за здравјето на целото семејство.
Ве интересира како функционира производството? Погледнете го видеото подолу.
Производите на Defendyl-Imunoglukan P4H® се додаток на исхрана со IMG®, витамин Ц и цинк. Клиничките испитувања покажале дека овие производи имаат важен ефект во зајакнување на имунолошкиот систем.
Природата нѐ освојува со својата убавина, а со малку поголема љубопитност можеме да откриеме многу повеќе за неа. Среќа, човекот уште од својот настанок истражува и открива работи кои ни ги дала мајката природа.
Една од нив е дефинитивно буковката, не само затоа што овозможила преживување, туку и затоа што со своето благотворно делување може да ги ублажи тегобите на 21-от век. Да се препуштиме на хармонијата на вкусот кој печурките ни го доловуваат на чинијата!
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!




