
Дали често имате херпес? Откријте како да го спречите следен пат
Ах, тоа непријатно меурче повторно Ви предизвикува проблеми и Ве доведува во непријатна ситуација. Херпесот може да се појави на било која возраст и може многу брзо да ги расипе Вашите планови. Затоа е добро да ги познавате причините за појава на херпес и начините како да се спречи или излечи. Спрема статистичките податоци со овој вирус се инфицирале дури 75-90 % од луѓето и најверојатно кај 20–40% од инфицираните луѓе е почест и повторно се појавува. Кога еднаш ќе се заразиме, вирусот останува во нашиот организам до крајот на животот, па повторно се појавува кога ќе ни падне имунитетот.
Што е херпес?
Вирусот херпес симплекс предизвикува една од најчестите инфекции кај луѓето наречена херпес. Тоа е осип кој најчесто се појавува околу усните, носот и брадата или гениталиите и предизвикува многу непријатна нелагодност бидејќи се појавува на особено чувствителни делови од телото. Се препознава по малите меурчиња исполнети со светла инфективна течност или пак по осипот.

Од 80 откриени вируси на херпес, осум предизвикуваат болести кај луѓето. Вирусот херпес симплекс (ХСВ) припаѓа на широко распространета фамилија на вируси Herpesviridae и има три најпознати видови:
- Вирус херпес симплекс тип 1 (ХСВ-1) – овој тип најчесто го зафаќа подрачјето околу устата. Лабијалниот или орален херпес се јавува на усните, каде се појавуваат типични меурчиња, а оролабијалниот херпес може да ја зафати и слузокожата на усната празнина.
- Вирус херпес симплекс тип 2 (ХСВ-2) – овој тип е најчесто поврзан со гениталните инфекции и инфекции кај новороденчињата.
- Вирус варичела зостер (ВЗВ) – овој тип предизвикува овчи сипаници (кај првата инфекција) и осип на левата или десната страна на торзото (кога вирусот се реактивира кај 10–30% од популацијата).
Поимот херпес најчесто се поврзува со херпес на усната кој го предизвикува ХСВ-1 и затоа ќе се фокусираме на него.
Како да живеете нормално со херпес
Спрема статистичките податоци со овој вирус се инфицирале дури 75-90 % од луѓето и најверојатно кај 20–40% од инфицираните луѓе е почест и повторно се појавува.
Кога еднаш ќе се заразиме, вирусот останува во нашиот организам до крајот на животот, па повторно се појавува кога ќе ни падне имунитетот.
Херпесот може значително да влијае не само на нашето здравје, но и на сликата за нас. Бидејќи осипот се појавува на посебно видливи места и тешко се сокрива, затоа луѓето со херпес избегнуваат контакт со останатите луѓе и многумина претпочитаат да седат дома додека не помине инфекцијата.
Инфекцијата предизвикана од херпес е сосема нормална состојба и ги погодува скоро сите луѓе. Поради тоа нема причина за срам или повлекување. Затоа дознајте што го предизвикува и како да го третирате за да можете повторно да уживате во животот, односно да бидете здрави и без болки.

Зошто се појавува херпес?
Херпес најчесто се јавува во периоди на стрес, кои што се психички или физички, бидејќи тоа има големо влијание на функционирањето на имунолошкиот систем. Повеќе за влијанието на стресот на имунитетот, прочитајте овде.
Појавата на херпес зависи од различни фактори кои ја намалуваат силата на Вашиот имунолошки систем:
- болести: настинка, грип, грозница
- изложеност на сонце или ултравиолетови зраци
- повреди или оштетена кожа
- ладно време
- замор или физички напор
- менструален период или хормонална нерамнотежа
- чувство на вознемиреност
Степени на развој на херпес
Целиот тек на инфекцијата од појава до заздравување трае до 12 дена, а може да се подели на пет развојни фази:
| Степен | Што да се преземе? |
|---|---|
| 1. степен: 1. и 2. ден можете да почувствувате непријатност или болка, чешање, чувствителност на инфицираното место, напнатост или едем. | Зајакнување на имунолошкиот систем + антивирусен лек (по препорака на лекар) |
| 2. степен: 2. и 3. ден почнуваат да се формираат меурчиња или мали групи на меурчиња. | Зајакнување на имунолошкиот систем + масти кои содржат состојки за исфрлање на водата од организмот |
| 3. степен: 4. ден меурчињата почнуваат да пукаат и се создаваат воспалени површински ранички. Ова е најзаразна и најболна фаза | Зајакнување на имунолошкиот систем + масти кои содржат состојки за исфрлање на водата од организмот + фластери |
| 4. степен: Од 5. до 8. ден раничките се сушат и создаваат суви, кафени красти. Тогаш може да почувствувате чешање и болка со пецкање. Доколку раничките пукнат, можат и да прокрварат. | Зајакнување на имунолошкиот систем + масти кои содржат состојки за исфрлање на водата од организмот + фластери |
| 5. степен: Од 9. до 12. ден раничките зараснуваат и крастите полека се лупат. | Зајакнување на имунолошкиот систем + масти кои содржат состојки за исфрлање на водата од организмот |
Како се пренесува херпесот?
Главниот начин на пренос на херпесот е директно изложување на инфицирана слузокожа или оштетената кожа. Најчесто тоа се случува при прегрнување или бакнување со инфицираното лице. Вирусот може да се пренесе и со капки од издишаниот воздух или контакт со инфицираната слузокожа на лице без симптоми.
Вирусот е заразен од првото чувство на нелагодност или едем до два дена по зараснување на раните.
Поради изразената заразност на инфекцијата во овој период се особено важни претпазливостa и личната хигиена. За време на појава на болеста не смееме да употребуваме исти предмети како другите неинфицирани луѓе. Користиме ракавици, избегнуваме базени, се трудиме да ги сведеме допирите и бакнувањето на минимум и редовно ги миеме и дезинфицираме рацете.
Посебна претпазливост е потребна при излегување на сонце. Се препорачува да се употребуваат креми за сончање со висок заштитен фактор и добро да се заштитат лицето и усните.
Што да правите кога ќе се појави херпес на усните?
Со лечење на херпесот е најважно да почнеме веднаш штом ги приметиме првите симптоми. Кај повторувачките инфекции се препорачува превентивно консумирање на производи за зајакнување на имунолошкиот систем, на пр. Defendyl-Imunoglukan P4H®. Важно е да знаете дека кога ќе се појават симптомите, количината на вирус во нашето тело е голема и антивирусните лекови имаат ограничен ефект.
За успешно лекување е клучно брзото делување во првите 48 часа по избивање на херпесот.
Кога ќе се појават меурчиња, се препорачува употреба на масти кои содржат состојки за исфрлање на водата од организмот. Мастите треба да се нанесуваат на заболеното место, неколку пати на ден со чисти раце, а потоа рацете темелно да се измијат за да се спречи преносот на вирусот.
Исто така достапни се и фластери за лекување на херпес. Покрај ублажување на чешање, пецкање и црвенило, фластерите го прекриваат и инфицираното подрачје.

Како може додатно да го превентирате херпесот
За да се спречи влошување на состојбата важно е зајакнување на имунолошкиот систем.
Херпес најчесто се јавува кога имунолошкиот систем ќе ослабне или за време на стресен период. Поради тоа е важно да се грижите за силата на имунолошкиот систем и редовно да тренирате. Додатоци во исхрана со витамин Ц и цинк можат да бидат многу корисни за превенција, но и за време на инфекцијата.
Добри клинички искуства со капсулите постигнале Урбанчикова и соработниците, кои спровеле клиничко испитување на 90 лица со вирус на херпес симплекс тип 1.
Кога ќе осетите дека ќе Ви се појави херпес или веќе се видливи првите меурчиња, покрај лекување со масти, веднаш почнете да земате капсули Defendyl-Imunoglukan P4H®.
Со комбинација на лекување и превенција, ќе ги ублажите симптомите и зајакнете имунолошкиот систем, за херпесот на усните да помине побрзо, а со тоа и да се зголеми Вашата самодоверба.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!



