Редакција Defendyl-Imunoglukan P4H®

ЦИНК – КЛУЧЕН МИНЕРАЛ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Дали чувствувате дека ќе се разболите? Дали се разболевте? По што ќе посегнете за да може Вашиот имунолошки систем да зајакне што е можно побрзо?

Веројатно ќе подготвите топол чај, ќе земете лажичка мед, а и ќе се сетите на добро познатиот витамин Ц. Тоа е одлична идеја за зајакнување на имунолошкиот систем, но можете да направите и многу повеќе! Еден од јунаците кои помагаат за зајакнување на имунитетот е цинкот.

Што е цинк?

Цинкот по зачестеност е втор минерал во човечкото тело, веднаш по железото. Се наоѓа во црвеното месо, школките, мешунките, житарките и јаткастите плодови. Бидејќи телото не може само да произведува цинк, треба да се внесе преку храна. Спрема податоците на Светска здравствена организација (WHO), околу третина од светската популација страда од недостаток на цинк1.Во организмот имаме 2–4 g цинк.

Колку цинк треба на ден?

Препорачани дневни дози се:

  • 3 mg/ден за деца помлади од 4 години
  • 5–8 mg/ден за деца од 4 до 13 години
  • 9 mg/ден за жени
  • 11 mg/ден за мажи
  • 11–12 mg/ден за бремени и доилки

Кај пациенти со тежок недостаток или хронични болести (Кронова болест) потребни се поголеми дози, дури и повеќе од 50 mg/ден2.

Дали сте знаеле дека намирниците од растително потекло се лош извор на цинк? Житарките и мешунките содржат фитинска киселина, која заедно со цинкот создава нерастворливи соли кои телото слабо ги апсорбира.

Намирници од животинско потекло се подобар извор на цинк2.

Хранливи материи што содржат цинк.

Која е улогата на цинкот во нашето тело

Цинкот е вклучен во многу процеси.

  • Има улога во зајакнување на имунолошкиот систем.
  • Има улога на важен антиоксидант кој ги штити клетките од оксидативен стрес.
  • Учествува во синтеза на ДНК и протеини и одговорен е за функционирање на повеќе од 300 ензими.
  • Придонесува кон одржување на здрави коски, кожа, коса и нокти.
  • Придонесува кон одржување на нормален вид.
  • Учествува во метаболизмот на киселини и бази, јаглехидрати и масни киселини1; 3

Како да го препознаете недостатокот на цинкот во организмот

Симптомите на недостаток на цинк често не се појавуваат веднаш, односно се јавуваат по неколку месеци на недостаток во организмот:

  • чести настинки
  • намалена имунолошка отпорност
  • влошување на симптомите на астма
  • тешко зараснување на раните
  • опаѓање на косата
  • осип на кожата (особено околу устата) и улкуси
  • губиток на апетит и намалена способност за вкус и мирис
  • проблеми со видот
  • проблеми со концентрација
  • депресија
  • дијареа
  • губиток на телесна тежина
  • сексуална дисфункција4

Недостаток на цинк може да се појави поради недоволен внес на цинк со храна или поради зголемени потреби на личноста. Вегетеријанците често имаат пониски нивоа на цинк во организмот. Растителната исхрана како на пример мешунки, соја, јаткасти плодови и интегрални житарки, содржат високи нивоа на фитати кои ја намалуваат апсорпцијата на цинк. Луѓето со хронични болести (целијакија, дијабетес, хронична дијареа, Кронова болест и др.) потешко го апсорбираат цинкот. Некои лекови, посебно диуретици, можат да го зголемат губитокот на цинкот од организмот5.

Недостатокот на цинк може да доведе до намалување на имунитетот.

Како цинкот влијае на имунолошкиот систем

Силниот имунолошки систем е клучен за одбрана на нашето тело. Не штити од напад на вируси и напад на штетните микроорганизми кои се обидуваат да го нападнат нашиот организам. Имунолошкиот систем го делиме на вроден и стекнат.

Вродениот имунолошки систем служи како прва линија на одбрана на организмот. На сите штетни микроорганизми реагира на ист начин, поради што понекогаш и се нарекува неспецифичен имунолошки систем. Дејствува многу брзо – за неколку часа почнува да ги открива и уништува бактериите кои навлегле во нашиот организам (на пример преку рана). Вродениот имунолошки систем се состои од кожа и слузокожа, како и имунолошки клетки и протеини.

Стекнатиот имунолошки систем ја презема улогата кога вродениот не може да ги уништи сите штетни микроорганизми. За разлика од вродениот имунолошки систем, стекнатиот е побавен, но попрецизен, бидејќи го идентификува секој штетен микроорганизам и го прилагодува својот напад. Предност е во тоа што може да ги запомни штетните микроорганизми, што значи дека при следен контакт побрзо реагира и го спречува развојот на инфекциите. Го сочинуваат посебните клетки наречени Т лимфоцити и Б лимфоцити, како и антитела6.

За успешен имунолошки одговор е клучно да вродениот и стекнатиот имунолошки систем меѓусебно да соработуваат. Цинкот ги поддржува процесите на двата имунолошки системи.

Истражувањата покажале дека недостатокот на цинк е поврзан со ризикот од вирусни инфекции. Спрема податоците на Светската здравствена организација (WHO) одговорен е за дури 16% на тешки инфекции на белите дробови ширум светот1. Додаток од цинк многу се препорачува за време на настинки. Докажано е дека додатокот од цинк може да го скрати траењето на симптомите на настинка и до три дена7.

Здрава жена е овошје во кујната.

Како можете сами да го зајакнете имунолошкиот систем со помош на цинк

Секојдневно сме изложени на штетни микроорганизми кои се обидуваат да го нападнат нашето тело. Особено во есен и зима сме осетливи на разни вируси и можеме брзо да се разболиме. Поради тоа мораме да се погрижиме нашиот имунолошки систем секогаш да биде спремен за борба. За среќа, со поддршка на одбрани производи можеме да го вежбаме и нахраниме нашиот имунолошки систем и да се погрижиме да бидеме подготвени.

Во оваа статија се запознавме со тајната моќ на цинкот, клучниот минерал во нашиот одговор на штетните микроорганизми, од чиј недостаток страда поголем број на луѓе. Покрај останатите состојки, производите Defendyl-Imunoglukan P4H® содржат и цинк во препорачани дози. Можете да го најдете во овие производи:

Одберете оптимална спремност и отпорност на секојдневните предизвици, полесно пребродете ги настинките и одржувајте ја виталноста во секое годишно доба. Не се двоумете и погрижете се за Вашата одбрана уште денес!

Извори

  1. pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/35783349/. [Достапно на интернет]
  2. www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK493231/. [Достапно на интернет]
  3. ec.europa.eu/food/food-feed-portal/screen/health-claims/eu-register. [Достапно на интернет]
  4. www.verywellhealth.com/zinc-deficiency-201070#toc-symptoms. [Достапно на интернет]
  5. www.medicalnewstoday.com/articles/320393#what-are-the-causes. [Достапно на интернет]
  6. www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK279396/ [Достапно на интернет].
  7. www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7352291/. [Достапно на интернет]

Поврзани статии

Прочитајте уште повеќе содржини кои можат да ви бидат од помош.

Пријавете се за Медисови е-новости

Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!