
4 корисни совети: зошто треба да останеме дома кога имаме настинка или сме болни?
Гадење, кашлица, покачена телесна температура. А пред вас е нов ден, исполнет со обврски и неодложливи задачи. Дали е сето ова познато? Што да се прави? Да се остане дома или да се изработи работниот ден со производи за зајакнување на имунитетот? Единствената правилна одлука е да останете дома и да се одморите!
1. Одговорно однесување кон колегите
Симптомите на настинка се течење на нос, кивање и кашлање. Последните истражувања покажуваат дека микроорганизмите (бактерии, вируси) се шират многу побрзо од што мислите. Најчесто се шират по ’’капков’’ пат, а на основа на експерименти научниците откриле дека при кивање и кашлање можат во околината да се исфрлат капки со брзина од најмалку 150 км/час. Со кивањето дури повеќе од 100 000 капки кои содржат микроорганизми и можат да пренесат разни вируси (на пр. вирус на грип, аденовируси, респираторен синцицијски вирус-РСВ).
Со одење на работа само се зголемува ризикот од ширењето на болеста. Размислете дали има смисла да ги заразите и колегите од работа.
2. Сопрете го ширењето на вирусите и заштитете ги ризичните групи
Ние не комуницираме секојдневно само со колегите. Дали некогаш сте помислиле на повозрасните луѓе или луѓето со хронични болести? Вирусите не бираат, туку само чекаат да го пронајдат вистинскиот домаќин за да би можеле да се размножуваат. Со секој, дури и со минлив контакт, додаваме каменче во мозаикот со нашите контакти при патувањето на вирусот. Мораме да бидеме свесни дека младите имаат полесен тек на болеста, а повозрасните имаат поголем ризик од сериозни компликации. Дали сте свесни за одговорноста на оној кој е инфициран?
3. Закрепнување
Одмор и само одмор. Со одмарање во домот, обезбедуваме големи шанси за оздравување. Одморот го забрзува процесот на закрепнување и не се изложуваме на ризик од уште посериозни компликации, што би можело дополнително да го продолжи боледувањето. Средствата за намалување на телесната температура, топлите напитоци, урамнотежената исхрана и одморот му помагаат на организмот побрзо да оздрави. Меѓутоа, ако на организмот му овозможиме дополнителни »хранливи материи« преку одбрани производи за зајакнување на имунолошкиот систем (на пр. Defendyl-Imunoglukan P4H® капсули), закрепнувањето е загарантирано.
Defendyl-Imunoglukan P4H® капсулите се додаток во исхрана кои содржат тројна доза на природен биоактивен IMG®, витамин Ц и цинк, кои ја подржуваат функцијата на имунолошкиот систем. Defendyl-Imunoglukan P4H® капсулите се наменети за краткотрајна примена за време на зголемени потреби на организмот. Земајте по 1 капсула на ден во времетраење од 5 дена, најдобро наутро или навечер на празен стомак.

Општо правило е дека треба да останеме дома барем уште 24 часа откако се намалила температурата.
Таблетите против болки ги потиснуваат симптомите, но не помагаат во закрепнувањето. Тоа е уште една потврда дека ни треба одмор и бегство од секојдневните активности. Предвременото враќање на работа може да има и негативни здравствени последици, а меѓу нив е зголемената осетливост на респираторни инфекции.
4. Работна продуктивност
Мислите ли дека и покрај вашата состојба сепак сте многу продуктивни на работното место? За жал, морам да ве разочарам, истражувањата покажуваат дека болното лице постигнува само 60% од просечната продуктивност на работа. Болеста и заморот го прават своето, па можноста за грешки драстично се зголемува. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека болен човек губи многу време на работа, пред сѐ поради лошата концентрација и замор. Ова само потврдува дека и за работодавачот е поволно работникот да ја користи можноста за боледување во тоа време.
Свеста за последиците што можат да произлезат од неодговорно однесување е клучна. Работата може да почека или може да ја направи друга личност, а животот е само еден. Со помалку грешки, ќе го поминеме подобро и поцелосно. Затоа, да останеме дома кога имаме настинка, да се заштитиме себеси и луѓето околу нас!
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!




