


Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE junior
100ml
Вкусен производ за краткотрајна поддршка на имунолошкиот систем кај зголемени потреби на детскиот организам. Единствена комбинација на IMG® од буковка, витамин Ц, цинк и билни екстракти за кои има докажано позитивно дејство на имунолошкиот систем и респираторниот систем.
За кого е наменет Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE junior? Го препорачуваме кај деца:
- за брзо и силно зајакнување на имунитетот кај првите знаци на пад на отпорноста
- веднаш штом ќе забележиме први симптоми на настинка или други инфекции на респираторниот систем
- за краткотрајна поддршка кај зголемена потреба на организмот
- Предности
- Како делува?
- Употреба
- Состав
Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE junior содржи 7 внимателно одбрани состојки, вклучувајќи зголемена доза на бета-глукан IMG®, витамин Ц и цинк, екстракт од црна рибизла, црн бозел, пеларгониум и росјанка.
Состојките делуваат синергистички и при краткотрајна употреба обезбедуваат најдобра поддршка кај зголемени потреби на имунолошкиот систем на детето и позитивно делуваат на респираторниот систем.
Внимателно одбрана комбинација на состојки.
| Состојки и нивните улоги |
Витамин Ц и цинк
|
Витамин Ц
|
Цинк
|
Црна рибизла (Ribes nigrum), црн бозел (Sambucus nigra)
|
Јужноафрикански пеларгониум (Pelargonium sidoides)
|
Округлолисна росјанка (Drosera rotundifolia)
|
Предности
- Производ со бета-глукан кој е докажан со клинички испитувања
- Одличен вкус на рибизла
- Едноставно дозирање спрема телесната тежина на детето; со приложена мерилка
- Додадените билни екстракти позитивно влијаат на здравјето на респираторниот систем
- Производ за зајакнување на имунитетот за време на инфекција
- Без глутен и млечни протеини
Нашето тело го доживува IMG® како туѓа материја.
IMG® доаѓа до тенкото црево, каде се наоѓа ткиво богато со имунолошки клетки. Таму IMG® се врзува за имунолошките клетки и ги активира. Бидејќи нашето тело го доживува IMG® како туѓа материја, нашиот имунолошки систем се активира. Активираниот имунолошки систем може побрзо да реагира на евентуална инфекција и да ги уништи микоорганизмите во целиот организам.
Природен IMG® не се апсорбира во крвта. Од организмот се излачува потполно непроменет и не предизвикува несакани дејства.
Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE junior е наменет за деца над 3 години возраст. Препорачана доза:
- Над 3 години: 5 мл два пати на ден или 10 мл еднаш на ден
- Над 6 години: 7,5 мл два пати на ден или 15 мл еднаш на ден
Наменет за краткотрајна примена при зголемени потреби во тек од 5 до 10 дена.
Течноста земајте ја на празен стомак помеѓу главните оброка. Пред употреба шишето добро да се протресе.
Бојата на сирупот може да се промени, бидејќи состојките се од природно потекло. На дното на шишето може да се појави талог, но тоа не влијае на квалитетот.
По првото отворање, чувајте го во фрижидер на температура од 2 до 8 °C и потрошете го во рок од еден месец. Неупотребено шише да се чува на температура од 15 до 25 °C, заштитено од влага, замрзнување и директна сончева светлина. Да се чува подалеку од дофат на деца!
Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE junior не содржи глутен ниту млечни протеини.
Не го употребувајте производот при преосетливост или алергија на една или повеќе состојки. Лицата кои имаат проблеми со дигестија на цинкови соли потребно е да го земаат производот со мала количина на храна.
Препорачаната дневна количина и доза не смее да се надмине.
Вода, фруктоза, билен екстракт од округолисна росјанка (Drosera rotundifolia), сок од плод од црн бозел (Sambucus nigra), IMG® (бета-(1,3/1,6)-Д-глукан) изолиран од печурката буковка (Pleurotus ostreatus), сок од плод од црна рибизла (Ribes nigrum), регулатор на киселина (лимонска киселина), екстракт од корен од јужноафрикански пеларгониум (Pelargonium sidoides), витамин Ц (Л-аскорбинска киселина), цинк (цинк бисглицинат), конзерванс (калиум сорбат), згуснувач (натриум карбоксиметилцелулоза).
| 10 ml течност содржи: | |
| Природен IMG® | 100 mg |
| Витамин Ц | 26,4 mg (33 % * ПДВ) |
| Цинк | 5 mg (50 % * ПДВ) |
| Црна рибизла (Ribes nigrum) | 54 mg |
| Јужноафрикански пеларгониум (Pelargonium sidoides) | 30 mg |
| Округлолисна росјанка (Drosera rotundifolia) | 300 mg |
| Црн бозел (Sambucus nigra) | 242 mg |
* ПДВ – препорачан дневен внес
Искуства од корисници
Просечна оценка
5.0 / 5.0 (Број на оценки: 1)Супер производ за моите две сонца.
Поврзани производи
Прочитајте повеќе за имунолошкиот систем
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!






