Клучна состојка на производот Defendyl P4H® е природен Imunoglukan® добиен со патентирана постапка.

Градивни елементи на печурка: полисахариди

Печурките и растенијата се составени од полисахариди, долги синџири на молекули составени од повеќе единици на шеќер. Поли значи многу, а сахарид значи шеќер. Во зависност од тоа како полисахаридите се организирани во структурни единици и како се меѓусебно поврзани, одредуваат кое соединение ќе го креираат.

Посебен облик на полисахариди е молекулата бета-глукан 1. Бета-глуканите меѓусебно се разликуваат и имаат различни дејства на човечкиот организам. Дејството на бета-глуканите на имунолошкиот систем директно зависи од потеклото, структурата, чистотата и способноста за создавање на комплетни врски со рецепторите на клетките на имунолошкиот систем.

Извор на имуноглукани

Imunoglukan® е високопрочистен природен екстракт од печурката буковка. Буковка е дрвна печурка, честа кај нас. Се наоѓа на стеблата и трупците на листопадните дрвја, посебно на буката, дивиот костен, брест и орев.

Defendyl P4H® производите содржат патентиран, контролиран и со посебна технолошка постапка изолиран IMG®. За производство се употребуваат печурки кои се одгледуваат кај европските одгледувачи (Унгарија, Република Чешка, Словачка и Словенија). Кај секое производство на Imunoglukan се употребуваат свежо одгледувани печурки.

Контролирано производство и дистрибуција

Производството на додаток во исхрана Defendyl P4H® се одвива кај производители кои се специјализирани за производство на лекови и обезбедуваат квалитет според стандардите GMP и ISO 22000. За време на целата постапка на производство на Defendyl P4H®, производите исто така се контролирани според HACCP систем, што обезбедува квалитет на храната.

Defendyl P4H® производите се достапни само во аптеките, бидејќи кај нив дистрибутерскиот ланец обезбедува постојана контрола на условите на транспорт и складирање. Покрај тоа на крајниот корисник му е достапен стручен совет од страна на фармацевтите.

Лабораториско испитување на производот

Секоја серија на готов производ има со сертификат потврден состав и квалитет (IMG®, витамин Ц и цинк).

Содржината на компонентите редовно се проверува во надворешни лаборатории. На сите наши производи се прават редовни годишни проверки од страна на здравствен инспекторат.

Безбедност и нутривигиланца

Клиничките испитувања ја потврдуваат безбедноста на Defendyl P4H® производите кај возрасни и деца по навршена 1 година возраст. Во секој случај, кај малите деца се препорачува совет со педијатар. Defendyl P4H® не е се употребува кај деца до една година, бидејќи кај толку мали деца нема клинички испитувања.

Нутривигиланца е систем за препознавање на потенцијален ризик, посебно поврзано со земање на додатоци во исхрана, збогатена храна и нова храна. Во Македонија и во повеќето држави членки на ЕУ, нутривигиланцата не е законски пропишана. Во Медис овој систем го воспоставивме уште во 2015 та година и ги следиме евентуалните несакани дејства на Defendyl P4H® производите.

Дополнителни интересни факти за нашите производи

Кога се употребува Defendyl-Imunoglukan P4H®

Интересни и поучни статии за улогата на имунолошкиот систем во секојдневната употреба.

Пријавете се за Медисови е-новости

Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!