
Што е заедничко за бубамарите и имунолошкиот систем?
Бубамарите се многу корисни и омилени инсекти. Тие се синоним за плодност бидејќи се хранат со штетните материи во градините и ливадите, и наводно одбегнуваат несреќа. Уште нашите баби знаеле дека бубамарите носат среќа, поради тоа следен пат кога бубамара ќе одлета од вашиот прст и Вие посакајте си нешто убаво.
Бубамара и имунолошки систем
Најверојатно веќе сте забележале дека заштитен знак на Defendyl-Imunoglukan P4H® е бубамарата. Слично како што бубамарите во градините и на ливадите бараат бубачки кои ги напаѓаат цвеќињата и зеленчукот, така и Defendyl-Imunoglukan P4H® му помага на организмот во борба против вирусите и помага во зајакнување на имунолошката отпорност. Заедно со витамин Ц и цинк придонесува за побрзо опоравување кога сме болни и за одржување на телесната отпорност.
7 факти за бубамарата
1. Бубамара или божја овчичка
Бубамарите спаѓаат во фамилијата . Во светот постојат скоро 5000 различни видови на бубамари, но кај нас ги има околу 60. Во нашите краеви најчест е видот седмоточкаста бубамара (Coccinella septempunctata).
2. Дали точките ни покажуваат колку бубамарата е стара?
Не! Бубамарите може да имаат различен број на точки. Некои имаат дури и 24. Иако повеќето бубамари живеат само до година дена, бројот на точките не се менува со нивното стареење и секогаш е ист. Вистина е само тоа дека со текот на времето точките избледуваат.
3. Бубамарата е инсект кој живее долго
Бубамарите живеат подолго од многу други инсекти. Возрасните бубамари обично живеат од 3 до 9 месеци. Некои бубамари може да живеат и 2 или 3 години!
4. Воена боја на бубамарите
Природата развила единствен предупредувачки систем на бои. Црвената, жолтата и црната му укажуваат на напаѓачот дека тие животни не се вкусни или дури дека се и отровни. Бубамарите се црвени и имаат црни точки, а исто така и горчлива крв кои одбиваат многу напаѓачи.
5. Бубамарите се најдобри пријатели на градините
Бубамарите се најдобрите пријатели на градините бидејќи сакаат да јадат инсекти кои им штетат на растенијата. Обично сакаат да јадат лисни вошки. Бидејќи се многу ефикасни во уништувањето на инсекти, често се употребуваат за биолошка контрола на штетниците во градините и на ливадите наместо вештачки ѓубрива.
6. Брзина на бубамарите
Најголемата брзина на бубамарата изнесува 24 километри на час. Тоа значи дека се многу поспори од повеќето инсекти. За споредба: некои инсекти може да летаат и до 100 километри на час! Меѓутоа, движењето крилата кај бубамарите е многу брзо; за време на летањето крилата се движат дури 85 пати во секунда. Најголемата брзина на бубамарите е 24 километри на час. Тоа значи дека се многу поспори од повеќето инсекти.
7. Бубамарите во космосот
Американската вселенска агенција НАСА во 1999. година пратила четири бубамари и лисни вошки во вселената за да го провери нивното движење во просторот без гравитација. Бубамарите симпатично ги нарекувале по групата Битлси (во превод инсекти); во чиј состав биле Џон, Пол, Ринго и Џорџ. Бубамарите преживеале и ги изеле лисните вошки дури и во непријатната околина на микрогравитацијата. На бубамарите им одговара вселената!
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!









