
Дали сте знаеле? Подобра отпорност на организмот може и да се „тренира“
Имунолошкиот систем во човековиот организам се дели на вроден и стекнат имунолошки систем.
Што е вроден, а што е стекнат имунитет?
Вродениот имунолошки систем служи како прва линија на одбрана против штетните микроорганизми, а се состои од сите надворешни површини на телото (кожа, слузокожа) и одредени клетки на имунолошкиот систем (неутрофили, моноцити, макрофаги и природни клетки убијци, како и други клетки). На ист начин реагира со сите микроорганизми и страни тела, пa затоа најчесто се нарекува неспецифичен имунолошки систем. Клетките на вродениот имунолошки одговор реагираат многу брзо бидејќи за само неколку часа можат да ги уништат микробите – бактерии, вируси и паразити – кои влегуваат во телото преку мала рана на кожата. Меѓутоа, вродениот имунолошки систем има ограничена способност за одбрана.
Следниот „чувар“ е стекнатиот имунолошки одговор кој има способност на специфично препознавање на микроорганизмите. Реакцијата на стекнатиот имунолошки систем е побавна во однос на вродениот, но е посигурна, а со тоа и поефикасна. Неговата предност е во тоа што може да ги запомни микроорганизмите, на тој начин може побрзо да реагира кога повторно ќе дојде во контакт со страни тела1.
Неодамна научниците откриле дека клетките на вродениот имунолошки систем исто така имаат делумна способност за стекнување на имунолошко помнење во процесот т.н. трениран или обучен имунитет (англ. trained immunity).
Ова е најновиот поим кој ја опишува способноста на клетките на вродениот имунолошки систем да го зајакнат имунолошкиот одговор по контакт со микроорганизмите и останати страни тела. По повторна инвазија на микроорганизмите, клетките на обучениот имунитет можат да поттикнат поголем имунолошки одговор и брзо да ја неутрализираат можната инфекција2-4.
Клетките на имунолошкиот систем кои се изложени на надворешни токсини или фактори внатре во организмот се менуваат и ги помнат карактеристиките на страното тело, а се очекува овој вид на клеточна меморија да трае од три месеци до година дена. Притоа, имунолошките клетки со обучен имунитет покажуваат заштита од неколку различни страни тела и на тој начин го штитат човековиот организам од широкиот спектар на инфекции2-4.

Бројни докази ги опишуваат позитивните аспекти на обучениот имунитет кај луѓето. Тоа е веќе видливо при вакцинација против туберкулоза, осип/мали сипаници, крупни сипаници и детска парализа. Заедничко за сите е тоа што се живи вакцини, што значи дека содржат живи, ослабени организми кои предизвикуваат неспецифичен одбранбен ефект против останати инфекции, односно обучен имунитет. Постојат и одредени докази дека вакцинирање против туберкулоза може да има антитуморно делување, што доведува до превенција или лекување на малигни болести како што се рак на мочен меур, меланом, леукемија и лимфом. Се чини дека овие ефекти против карциномот се последица на активација на клетките, односно обучен имунитет кај моноцити и макрофаги.
А што прават бета-глуканите?
Слично делување на обучен имунитет е забележано и кај бета -глуканите, биолошки активни полисахариди. Во ‘рбетниот мозок каде се формираат клетките на вродениот имунолошки одговор, бета-глуканите го менуваат создавањето на матични клетки и на тој начин се создаваат клетки со обучен имунитет4.
Со земање на бета-глукани можеме дополнително да го зајакнеме неспецифичниот одговор на нашиот имунолошки систем2-4.
Постојат неколку видови на бета-глукани кои меѓусебно се разликуваат и имаат различно делување на човековиот организам. Дејството на бета-глукани на имунолошкиот систем директно зависи од потеклото, структурата, чистотата и способноста на создавање на целосна врска со рецепторите на клетките на имунолошкиот систем.
Во природните производи на Defendyl-Imunoglukan P4H® се наоѓа природен бета-глукан IMG®, високопрочистен екстракт на печурката буковка. Витамин Ц и цинк, кои исто така се присутни во производите, придонесуваат во функцијата на имунолошкиот систем и ги штитат клетките од оксидативен стрес.
Долгогодишните клинички испитувања ја потврдуваат ефикасноста и безбедноста на производот Defendyl-Imunoglukan P4H® за повеќемесечна употреба, во превентивни цели и при ослабување на имунитетот.
- The innate and adaptive immune systems. 2020 Jul 30 [cited 2022 Feb 2]; Dostopno na: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK279396/
- Dos Santos et al. β-Glucan-Induced Trained Immunity Protects against Leishmania braziliensis Infection: a Crucial Role for IL-32. Cell reports [Dostopno na spletu]. 2019 Sep 3 [cited 2022 Feb 2];28(10):2659-2672.e6.
- Tercan et al. Trained Immunity; Long-term adaptation in innate immune responses. Arteriosclerosis, Thrombosis, and Vascular Biology [Dostopno na spletu]. 2021 Jan 1 [cited 2022 Feb 2];41(1):55–61.
- Netea et al. Defining trained immunity and its role in health and disease. Nature reviews Immunology [Dostopno na spletu]. 2020 Jun 1 [cited 2022 Feb 2];20(6):375–88.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!




