
200 различни вируси може да предизвикаат настинка
Вирусните инфекции на респираторниот систем секоја година го достигнуваат врвот во јануари или февруари. Најчест е вирусот на грип и оние слични на него. Најзагрозени се малите деца и повозрасните лица, па кај нив е потребна поголема претпазливост.
Кои вируси се и кога напаѓаат?
Познато е дека најголем дел од респираторните инфекции на горниот респираторен систем се предизвикани од вируси. Повеќе од 200 различни типови на вируси можат да предизвикаат настинка, а од тие најчесто предизвикувачи се риновирусите (30-50%), потоа корона вирусите, вирусот на параинфлуенца, аденовирусите, респираторниот синцициски вирус и други.
Овие причинители интензивно се распространуваат во есенско/зимскиот период, а врвот обично го достигнуваат во јануари или февруари. Причини има повеќе – од една страна се менуваат факторите од околината кои овозможуваат преживување на поголем број микроорганизми, а и можноста за пренесување е зголемена, бидејки децата во предшколска и школска возраст се дружат повеќе во затворени простории.
Важно е да се преземат соодветни мерки и да се зајакне имунитетот!
Инфекциите на горнореспираторните патишта се обично благи и самоограничувачки заболувања кои кај луѓе со добар имунитет поминуваат после неколку дена. Особено е значајно секој да внимава на сопственото здравје.
Мерки на претпазливост
Важни се и мерките на претпазливост:
- миење и дезинфекција на рацете,
- што поретко допирање на лицето, устата и носот со рацете, бидејки преку слузокожата може да се внесат вирусите од околината,
- проветрување на просториите,
- избегнување контакт со лица кои би можеле да бидат заболени,
- избегнување настани во трговски центри, каде има голем број на луѓе,
- ако сте болни останете дома додека не оздравите.

Заштити се со силен имунитет
Можете да се борите против (вирусни) инфекции и со зајакнување на имунитетот. Се препорачува потпомогнување на неспецифичниот (вроден) имунитет кој се активира веднаш после инфекција без оглед на тоа за кој вирус се работи.
Со овој начин на имуномодулација се зајакнува отпорноста против голем број причинители на инфекции, а од друга страна на овој начин се намалува и имуносупресивното дејство на имунолошкиот систем, кој ја регулира јачината на воспалителната реакција.
Defendyl-Imunoglukan P4H® има докажано имуномодулаторно дејство и брзо делува на неспецифичниот имунолошки систем (го зголемува бројот на клетките природни убијци – НК-клетки). Соодветен е за превентивна употреба, како и веднаш при првите симптоми на акутна инфекција. Може да се користи подолг временски период без прекин.
Пријавете се за Медисови е-новости
Не грижете се, ниту ние не сакаме премногу пошта, затоа ќе Ви праќаме само месечна порака!










