Природен состав и квалитет

Природен извор на Имуноглукан

Имуноглукан® е високо прочистен природен екстракт од габата буковка. Буковките за лекување ги употребувале уште старите Кинези, но научниците дури во минатиот век утврдиле точно кои материи од печурките влијаат на работата на имунолошкиот систем кај луѓето. Тие се фокусирале на соединенијата кои можат позитивно или негативно да влијаат на биолошкиот одговор на имунолошките клетки.1

Производите Defendyl® содржат патентиран Имуноглукан® изолиран од печурки со посебна технолошка постапка. За производство на Defendyl® се употребуваат печурки кои се одгледуваат на европските простори (Унгарија, Чешка, Словачка и Словенија). При секое производство на Defendyl се користат свежо одгледани печурки.

Полисахариди и бетаглукани

Печурките и растенијата се состојат од полисахариди, долноверижни молекули кои се составени од повеќе шеќери. Поли значи »многу«, а сахарид значи »шеќер«. Во зависност од тоа како полисахаридите се структурно организирани и како меѓусебно се врзуваат, зависи кое соединение ќе го создадат.

Посебна конфигурација на полисахарид прави молекулата која се нарекува бета-глукан2. Бета-глуканите меѓусебно се разликуваат и имаат различни ефекти на човековиот организам. Влијанието на бета-глуканите на имунолошкиот систем зависи од нивното потекло, структура, чистота и способност за остварување на целосна врска со рецепторите на клетките на имунолошкиот систем. Најдобар имуномодулаторен ефект имаат нерастворливите разгранети бета (1,3/1,6)-D-глукани изолирани од печурки, како што е на пример Imunoglukan®.

Како настанува Defendyl®?

Контрола на квалитет

Производството на Defendyl® производите се одвива кај производител кој меѓу другото е специјализиран за производство на лекови и кој ги исполнува условите за квалитет во согласност со GMP и ISO 22000 стандардите. Текот на целиот производствен процес на Defendyl® производите, исто така се контролира во согласност HACCP системот, кој обезбедува квалитет на храната.

Производите Defendyl® се достапни само во аптеките бидејќи таму дистрибуцискиот ланец овозможува непрекината контрола на условите за транспорт и складирање. Освен тоа, во аптеките крајните купувачи можат да добијат стручен совет од фармацевт.

Сертификати

Секоја серија од готовиот производ има аналитички сертификат за квалитет и количина на состојките (Имуноглукан®, витамин Ц и цинк), и истиот сертификат по желба е достапен и за широката јавност.

Сите наши производи подлежат на редовни годишни контроли од страна на здравствениот инспекторат. Сите аналитички сертификати се достапни во аптеките.

Безбедност и нутривигеланца

Наведените клинички испитувања ја потврдуваат безбедноста на Defendyl® производите кај возрасни и деца над 1. година. Во секој случај, кај мали деца се препорачува советување со педијатар. Defendyl® не се употребува кај деца помали од една година бидејќи нема клинички студии за толку мали деца.

Нутривигеланца е европска насока која е наменета за препознавање на нови ризици, поврзани првенствено од употребата на додатоци во храна, збогатена храна и нова храна. Во Македонија, како и во повеќето држави кои се членки на ЕУ, нутривигеланцата не е законски пропишана. Во Медис, ние тој систем го воспоставивме уште во 2015. година и ја следиме евентуалната појава на несакани ефекти од употребата на производите Defendyl®.

Извори

1. Kreft S.; Kočevar Glavač N.; Sodobna fitoterapija, 2013
2. Halperen G.M.; Healing mushrooms, 2006

Клинички испитувања

Дека имуномодулаторниот ефект последователно влијае и на намалување на бројот на респираторни инфекции потврдуваат бројните клинички испитувања кои се достапни во стручната литература и на PubMed.

 

 

 

 

За повеќе информации прашајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.