Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Defendyl®> Здравјето на семејството на прво место

Здравјето на семејството на прво место

Колку здравјето е важно, обично дознаваме дури кога ќе го изгубиме. Сепак, треба да го негуваме и да му бидеме благодарни многу порано. Затоа му даваме поддршка преку добро снабдена домашна аптека која овозможува ефикасна превенција и прва помош на сите членови на семејството. Како? За сите Вас кои на прво место Ви е здравјето одбравме седум совети: 

 

 

1. За силен имунолошки систем

Најдобар ‘‘лек‘ ‘е силен имунолошки систем кој овозможува сите процеси во организмот непрестано се одвиваат, но и да не нè загрозуваат различните микроорганизми со кој доаѓаме во контакт. За регулиран имунолошки систем најдобро ќе се погрижиме преку здравиот начин на живот, кој вклучува урамнотежена исхрана, редовна и доволна интензивна физичка активност, добра хигиена, доволен сон и ефикасно совладување на стресот. Здравиот начин на живот е преголем предизвик во секојдневниот брз начин на живот, и редовната поддршка на имунолошкиот систем би била правилна одлука. Особено во есенските и зимските месеци, кога настинките и инфекциите се сè почести, како и при зголемен психофизички замор, треба да употребуваме природни препарати за зголемена отпорност на организмот. Докажано е дека препаратите со Имуноглукан се ефикасни. Содржат природна биоактивна состојка изолирана од печурките буковки кои поволно делуваат врз намалена отпорност на организмот. Ефикасноста на овие биоактивни материи кои се појавуваат во облик на капсули и сируп како додатоци на исхрана збогатени со цинк и витамин С е докажана преку дваесетгодишни истражувања, а безбедноста на производот со Имуноглукан потврден е со клинички истражувања кај возрасни и деца над 1 година. Поради тоа ова се производи кои се сигурна поддршка на имунолошкиот систем на возрасните и децата.

2. Стоп за високата температура

Покрај радоста за средбите со колегите на работа и пријателите во училиште, есента носи и помалку пријатна средба со вирусите и бактериите, последователно на тоа и со инфекциите. Затоа секогаш при рака треба да имаме топломер за мерење на телесна температура и лекови против висока температура. Лековите кои содржат парацетамол се најпогодни за лечење на висока температура кај децата. Со тие лекови покрај високата температура, ги ублажуваме и болките и општата омалаксаност. Лековите за намалување на високата температура за возрасни и деца се достапни во аптеките без лекарски рецепт, а ги дозираме спрема упатствата од лекарот или фармацевтот.

3. Стоп за болките во грлото

Болките во грлото се чест проблем во текот на целата година. Затоа во домашната аптека треба да имаме и пастили против грлоболка кои го дезинфицираат грлото и ја ублажуваат болката. Пастилите против болки во грлото се со различен вкус и збогатени со витамини така да за дете можеме да избереме пастили со вкус со кои ќе се избегнат непријатностите и намалувањето на апетитот. Сепак бидете внимателни, пред да купите пастили секогаш проверете го во упатството од произведувачот, дали е прикладен за возрасни и деца.

4. Стоп за кашлицата

Следен добро познат проблем е кашлицата која не го оптеретува само пациентот туку и сите кои живеат под ист покрив, особено навечер. Поради тоа, во домашната аптека треба да биде на располагање сируп против кашлица. Ако кашлицата е влажна, потребен ни е сируп за исклашлување. Меѓутоа, кога не можеме да спиеме поради сува и иритирачка кашлица, здравјето и сонот може да ги подобриме со употреба на сируп за смирување на кашлицата.

5. Стоп за затнатиот нос и алергиите

Физиолошки раствор е незаменлив во секоја домашна аптека поради тоа што навлажнувањето на слузокожата на носот при настинки и алергии го олеснува дишењето и го спречува напредувањето на инфламаторниот процес. Ако во семејството има алергија (или пак нема) секогаш е добро во домашната аптека да имаме лек и маст против алергија, кои во случај на изненадна алергиска реакција (која може да се појави поради убод од инсект) овозможуваат прва помош на самолекување.

6. Стоп за дијареа и повраќање

Цревните инфекции се многу чести кај мали деца. При зимските месеци преовладуваат вирусни цревни инфекции, а во текот на летото бактериски. Најчеста последица од цревните инфекции е дијареа која може да биде пропратена со повраќање, болки и грчеви во стомакот, висока температура, главоболка и омалаксаност. При дијареа и повраќање може многу лесно да се дехидрира и да ослабне организмот и затоа мораме да си помогнеме со надокнадување на изгубените течности и електролити. Затоа пациентот треба да пие што повеќе течности. Ако се сомневаме на дехидратација, што се манифестира со сува уста, поретко мокрење и темна урина, внес на раствори за рехидратација ќе ни биде од помош. За регулирање на цревната флора при првите знаци на цревна инфекција, дијареа и повраќање, се препорачува употреба на млечнокиселински бактерии кои се достапни во секоја добро снабдена аптека во облик на капсули или пак капки за мали деца. При тоа треба да се води сметка млечнокиселинските бактерии да продолжиме да ги внесуваме најмалку една недела по престанок на симптомите на цревната инфекција.

7. За рани и ранички

Кујнските и други работи во домаќинството често се пропратени со посекотини, а пак детската игра ја следат гребаници и модрици. Затоа ќе Ви бидеме благодарни доколку во домашната аптека секогаш има дезинфекционо средство, стерилна газа, завој и фластери со помош на кои брзо ќе ги санираме раните и раничките.

 

Извори:

https://www.medis.health/si/podpora-bolnikom/clanki/clanek/prirocna-domaca-lekarna-za-otroke/

https://www.waya.si/nc/izdelki-waya/waya/waya-kapljice/

https://www.gorenjske-lekarne.si/svetovanje-clanek/domaca-lekarna

https://www.gorenjske-lekarne.si/svetovanje-clanek/zascita-otroske-koze-pred-piki-zuzelk

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.