Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Интересно> Зајакнете го имунитетот на Вашето дете пред тргнување во градинка или училиште

Зајакнете го имунитетот на Вашето дете пред тргнување во градинка или училиште

Настинката и респираторните инфекции се најчеста причина за отсуство од градинка или од работа. Во градините и училиштата настинката и кашлицата брзо се шират од едно на друго дете. Во споредба со возрасните, децата почесто настинуваат бидејќи нивниот организам сеуште нема изградено целосен имунитет – при секоја вирусна инфекција телото стекнува имунитет за нов вирус. 

 

 

Постапки за зголемување на отпорноста:


1. Често миење раце
Наједноставна и најефикасна мерка за спречување на ширење на вируси и бактерии. Миењето на рацете треба да трае 20 до 40 секунди. Не го заборавајте и горниот дел од рацете. Нека родителите им дадат пример на децата, и Вие прво измијте ги рацете кога ќе дојдете дома.

2. Доволно спиење и одмор

Нашето тело се регенерира, опушта и смирува во текот на спиењето. Погрижете се вашето дете да има доволно дневен сон. Експертите врз база на истражувањата, препорачуваат 11 часа сон за претшколски деца, 10 за школски и 9 часа сон за тинејџери.

3. Разновидна исхрана богата со витамини и минерали
Секојдневното консумирање на свежо овошје и зеленчук со сигурност ќе ја зајакне отпорноста на вашето дете. Бидете креативни во сервирањето и ќе се изненадите колку брзо тањирот ќе биде празен.

4. Доволен внес на течности
Внесувањето на течности е многу важно за виталноста на организмот. Истражувањата покажуваат дека децата и повозрасните лица почесто дехидрираат за разлика од останатите, па поради тоа понудете му на детето вода или чај повеќе пати во текот на денот, макар и по неколку голтки.

Погрижете се детето доволно да спие преку ден и да си легнува во прикладно време навечер. Телото на децата се регенерира, обновува и лечи во текот на спиењето. Исто така важно е за време на одморот детето да научи да се опушта и смирува. Се препорачува и музика за релаксирање.

5. Движење на чист воздух
Физичката активност го одржува имунолошкиот систем. Барем 30 минути во текот на денот поминете ги со вашето дете на игралиште, во прошетка или трчање во парк.

Децата во градинките и училиштата се многу изложени на вируси и таму побрзо се разболуваат, но клучот за здравјето не е во изолација.


Зајакнете го имунитетот кај детето кој ќе му помогне природно да се бори против инфекции и болести.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.