Почетна >Имуноблог >Стручно > Возрасните лица и имунолошкиот систем

Возрасните лица и имунолошкиот систем

Имунолошкиот систем е составен од различни клетки, врз кои значително влијае стареењето, па затоа со годините станува се помалку осетлив на различни дразби. Како последица од ова повозрасните лица се поподложни на заразни болести и потребно им е повеќе време за да оздрават, послабо реагираат на вакцините и се склони кон канцерогени и автоимуни болести.

Врз работата на имунолошкиот систем значително влијае и здравиот начин на живот. Затоа кај повозрасните лица е особено важна здравата и урамнотежена исхрана, доволно движење и вакцинација за заштита од заразни болести.

 

 

Како се менува имунолошкиот систем со текот на годините?

Една од најистражуваните последици од стареењето е функцијата на имунолошкиот систем. Имунолошкиот систем кај повозрасните лица не само што реагира слабо на новите причинители на болести туку и на оние причинители на болести со кој веќе се имаат соочено во минатото. Како последица на ова, повозрасните лица се поосетливи на заразни болести како што е грипот.

Од друга страна, воспаленијата кои се јавуваат поради вродениот имунолошки систем се интензивни и долготрајни. Затоа кај повозрасните лица почесто се јавуваат инфламаторни болести како кардиоваскуларни болести, Алцхајмерова и Паркинсонова болест, како и остеоартритис.

Со вакцинација се заштитуваме од заразни

болести Ризикот од заразни болести можеме да го смалиме со вакцинација. Грипот е високозаразна болест која е најризична за повозрасните лица, децата до 5 години и трудниците, бидејќи кај нив всушност може да премине во посериозен облик на болест. Затоа стручните лица препорачуваат вакцинација, бидејќи на тој начин не само што се спречува развојот на болеста туку и компликациите кои се јавуваат пропратно.


За жал, вакцинацијата кај повозрасните лица иако значително го намалува ризикот од појава на грип, но можеме со сигурност да гарантираме дека болеста нема да се појави. 

За жал, вакцинацијата кај повозрасните лица иако значително го намалува ризикот од појава на грип, но можеме со сигурност да гарантираме дека болеста нема да се појави. Проблемот е во тоа што клетките на имунолошкиот систем кај повозрасните лица не реагираат со таков интензитет на вакцината како кај помладите лица, затоа кај некој возрасни лица болеста се развива и покрај вакцинацијата. Важно е да се нагласи дека вакцинацијата сеуште има најголем придонес во намалување на ризикот од грип, но се препорачува придржување и кон другите упатства за заштита од заразните болести.

Здрава и урамнотежена исхрана придонесува кон подобра работа на имунолошкиот систем

На организмот му е потребна голема количина енергија за ефикасен имунолошки одговор. За да ја обезбедиме соодветната количина на енергија, потребна е соодветна исхрана. Истражувањата покажале дека урамнотежената исхрана која ги содржи сите потребни макронутриенти (јаглехидрати, протеини) и микронутриенти (витамини, минерали) може да ја подобри ефикасноста на имунолошкиот систем кај повозрасните лица, за што сведочи подобриот одговор на имунолошките клетки. Исто така докажано е дека повозрасните лица кои секојдневно конзумираат витамини и минерали подобро реагираат на вакцинацијата (пр. против грип или пнеумококна инфекција) и создраваат повеќе антитела, со помош на кои организмот се бори против инфекцијата.

Физичката активност позитивно влијае на имунолошкиот систем

Многу истражување покажуваат дека врз активноста на имунолошкиот систем влијае физичката активност. Истото го покажало и истражувањето спроведено од Сузане Г. Левил од Американскиот Национален институт за стареење. Во истражувањето биле вклучени 1.365 жени на возраст од 55. до 80. години кај кои шест години го следела начинот на живот. Докажано е дека жените кои биле физички активни имале помал ризик од развој на инфекции, рак и белодробни заболувања.

Научниците докажале дека имунолошкиот систем кај повозрасните лица кои се физички активни има поефикасен одговор во контакт со причинител на болест. Разликата помеѓу физички активните и неактивните возрасни лица се одразувала врз различната застапеност на имунолошките клетки кои го штитат организмот од вирусни и бактериски инфекции како и канцерогени промени.

Со стареењето се намалува ефикасноста на вакцинацијата, бидејќи имунолошкиот систем не реагира толку добро како во помладите години. Се докажало дека долгорочната умерена физичка активност придонесува до подобрување на имунолошкиот одговор на вакцините и на овој начин овозможува подобра заштита од штетните вируси и бактерии.

Уште на кој начин можеме да ја поттикнеме работата на имунолошкиот систем?

Низ историјата многу лекови и домашни аптеки содржеле некои видови на габи, поради позитивниот ефект кој денес се препишува првенствено на полисахаридните бета-глукани. Тие се големи шеќерни молекули кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем.

Истражувањата од норвешки и британски научници спроведени врз повеќе од 100 доброволци покажале дека бета-глуканите имаат позитивно дејство врз функцијата на имунолошкиот систем, со активација на производството на имунолошките клетки кај повозрасните лица. Бета-глуканите можеме да ги земаме во облик на додатоци во исхрана – еден од нив е Defendyl-Imunoglukan P4H® кој содржи бета-глукани од печурката буковка.

Литература

Pinti M. i sur., 2016. Aging of the immune system – focus on inflammation and vaccination. European Journal of Immunology, 46(10): 2286-2301. Faragher R. i sur., 2014. Better immunity in later life: a position paper. Age (Dordr), 36(3): 9619. Bigley A.B. i sur., 2013. Can exercise-related improvements in immunity influence cancer prevention and prognosis in the elderly? Nikolich-Zugich J., 2014. The aging immune system: Challenges for the 21st Century. Seminars in Immunology, 24(5): 301-302. Pae M. i sur., 2012. The role of nutrition in enhancing immunity in aging. Aging and Disease, 3(1): 91-129. Senchina D.S. in Kohut M.L., 2007. Immunological outcomes of exercise in older adults. Clinical interventions in Aging, 2(1): 3-16. Smetana J. i sur., 2018. Influenza vaccination in the elderly. Human Vaccines & Immunotherapeutics, 14(3): 540-549. Fuller R. i sur., 2017. Yeast-derived beta-1,3/1,6 glucan, upper respiratory tract infection and innate immunity in older adults. Nutrition, 39-40:30-35. Gaullier J.M. i sur., 2011. Supplementation with a soluble beta-glucan exported from Shiitake medicinal mushroom Lentinus edodes (Berg.) singer mycelium: a crossover, placebo-controlled study in healthy elderly. International Journal of Medicinal Mushrooms, 13(4):319-326.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.