Надја Отт
Почетна >Имуноблог >Defendyl® > Вакцинација како заштитна мерка

Вакцинација како заштитна мерка

COVID-19 ни го промени начинот на живот и не направи посвесни од било кога дека добрата здравствена состојба е од најголема важност и секогаш треба да ни биде број еден на листата на приоритети.

COVID-19 инфекцијата е предизвикана од вирус и може да се манифестира на различни начини. За среќа поголемиот дел од пациентите имаат лесен облик на болеста, околу 20% од пациентите имаат тежок облик, а само 5% од пациентите имаат сериозна клиничка слика и потребна им е хоспитализација, што може да доведе до компликации и летален исход. Во секој случај, болеста може да има долготрајни последици кои трајно го загрозуваат човековото здравје и го ослабуваат имуниот одговор.

 

 

Вакцинацијата е наједноставна, најсигурна и најефикасна заштитна мерка од одредени заразни болести, вклучувајќи го и COVID-19. Од една страна го заштитува вакцинираното лице, а од друга страна спречува натамошно ширење на болеста. Со вакцинацијата го подготвуваме нашето тело за можен контакт со вирусот, па во случај да се појави вистинска инфекција, нашиот имунолошки систем е подготвен да реагира многу брзо. Со вакцинацијата го спречуваме развојот на болеста или придонесуваме за нејзина многу слаба манифестација. За да се подобри дејството на одредени вакцини, можат да се земаат додатоци пред и после вакцинацијата, кои го зголемуваат дејството на вакцините.

Еден од нив е Defendyl P4H® – природен полисахарид изолиран од габата буковка. Американскиот институт за алергии го класифицира Defendyl P4H® како одличен избор за зајакнување на имунолошкиот одговор при вакцинација, бидејќи го стимулира клеточниот имунитет, со што се овозможува поголема заштита од болести по вакцинирањето.

Defendyl®P4H е безбедна и задолжителна препорака кај лица кои се подготвуваат за вакцинација како би си обезбедиле здрав и јак организам. Пред првата доза и во периодот помеѓу првата вакцина и ревакцинацијата, препорачано е да се земаат 3 капсули Defendyl P4H® дневно, два часа пред оброк.

По вакцинирањето се препорачува да се продолжи со превентивна примена на Defendyl P4H® и тоа во доза од 1 капсула дневно.

Доколку  превентивно не користите Defendyl P4H®, што би било најсигурен избор, се препорачува негова употреба барем една седмица пред првата доза на вакцина.

Исто така докажано е дека Defendyl P4H® е ефикасен во зајакнување на имунолошкиот одговор  и на тој начин го штити организмот од други инфекции и вируси кои ги има во нашата околина.

Поради својата ефикасност и безбедност се наоѓа и во европските препораки и насоки за зајакнување на имунолошкиот одговор како кај деца, така и кај возрасни.

Зајакнете го имунолошкиот одговор на природен начин – докажано и ефикасно!

 

Vogel et al. A Compendium of Vaccine Adjuvants and Excipients. 2nd edition. National Institute of Allergy and infectious Diseases

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.