Почетна >Имуноблог >Интересно > Стресот и имунолошкиот систем кај средношколците и студентите

Стресот и имунолошкиот систем кај средношколците и студентите

Периодот на адолесценција со себе носи големи физички и емоционални проблеми. Ненадејните хормонски промени и брзиот физички развој со бројни тестови на училиште, спортски активности, забави, ноќен живот, пеперутки во стомакот, расправии со родителите и така натаму, претставуваат постојан стрес за телото, што во голема мера го ослабува имунолошкиот систем и ја зголемува осетливоста на организмот за појава и развој на различни инфекции кои можат да предизвикаат настинка или грип. Меѓутоа, не само средношколците се често изложени на стрес – тука се и студентите и возрасните кои учат за испити, колоквиуми и вежби, или работат со бројни проекти и други барања, и сите овие се едни од главните причини за стрес.

Што можеме да направиме за да го зајакнеме имунолошкиот систем да биде отпорен на сите наведени промени?

1. Доволно спиење

Испитувањата покажуваат дека недостатокот на сон го има истиот ефект на телото како физички стрес. На адолесцентите дневно им е потребно 9 до 10 часа сон. Нивниот природен циклус на спиење се разликува од оној кај возрасните, бидејќи нивото на мелатонин, хормонот што го регулира биоритамот, врвот го постигнува 2 часа подоцна отколку кај возрасните, на кој дневно им се потребни 7 до 9 часа сон. Тоа значи дека адолесцентот кој се буди во 7 часот чувствува ист замор како возрасен човек кој станал во 5 часот.

2. Правилна исхрана

Правилната исхрана е од голема важност за зачувување и зајакнување на имунитетот. Се препорачува да се внесува светло зелен листен зеленчук богат со витамини (особено витамин Ц), минерали и антиоксиданти. Овошјата со дебела кора на пример круши и јаболка се добар извор на влакна, а јагодите се екстремно богати во витамин Ц. Како извор на протеини, минерали и здрави масти се овошја со коски и семки, кои се богати со цинк, а цинкот е неопходен за имунолошкиот систем. Интегралните производи како што се кафеавите тестенини, кафеав ориз, интегрален леб итн. содржат јаглени хидрати кои се одличен и долготраен извор на енергија. Се препорачува и внес на риба, бидејќи е одличен избор на протеини и здрави масти.

Нека ненадејното тестирање на училиште или напорен тренинг на кошарка биде само уште едно безопасно камче во богатиот мозаик наречен секојдневие.

3. Редовна физичка активност

Секојдневна 30 минутна редовна физичка активност е многу важна за зајакнување на имунолошкиот систем. Физичката активност ја зголемува циркулацијата, и им помага на одбранбените клетки на имунолошкиот систем да се движат низ целото тело.

4. Релаксација

Релаксацијата еднаш дневно во форма на медитација, јога и вежби за дишење е корисно и делува смирувачки на нервниот систем, го намалува нивото на стрес и имунолошкиот одговор кон него. Некои експерти препорачуваат и редовна посета на сауна, бидејќи помага да се намали стресот, се намалува крвниот притисок, подмладува и ја чисти кожата и има позитивен ефект врз целото тело.

Деца, средношколци, студенти, возрасни, постарите лица – стресот е едно од искушенијата на модерното време кое едноставно не можеме да го избегнеме. Тоа ни се заканува дури и кога најмалку го очекуваме. Затоа добро е да се обидеме да ги земеме во предвид споменатите препораки кои во голема мера ја зголемуваат отпорноста на нашиот имунолошки систем за проблемите што не демнат од сите страни. Нека ненадејното тестирање на училиште или напорен тренинг на кошарка биде само уште едно безопасно камче во богатиот мозаик наречен секојдневие.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.