Јасмина Делалут, Мр хем. инж.
Почетна >Имуноблог >Интересно > Спортувајте и бидете здрави во зима

Спортувајте и бидете здрави во зима

Како спортот влијае на отпорноста на организмот?

Редовната и умерена спортска активност е неопходна за добро здравје и кондиција, па дури може да спречи развој на сериозни болести и заболувања, бидејќи позитивно влијае на имунолошкиот систем, а со тоа и на телото и на неговото функционирање.

 

 

Што е имунолошки систем и зошто доаѓа до намалување на отпорноста?

Имунолошкиот систем е одбранбениот систем на нашиот организам кој не штити од штетните влијанија на надворешните и внатрешните фактори. Имунолошкиот одговор на телото при одреден стимул го поттикнува комплексното и меѓусебното функционирање на имунолошките клетки.

Кога имунолошкиот систем не функционира добро, велиме дека ни се намалува отпорноста. Тогаш спортистите се подложни на повеќе видови на инфекции. Урамнотежената исхрана која ги обезбедува дневните енергетски потреби е многу важна за одржување на природната одбрана на телото од инфекции. Потребно е да се внесува доволна количина на јаглени хидрати и протеини во право време, како и доволен внес на витамини, минерали и течности. Кај спортистите кои имаат мешана, разновидна исхрана и се придржуваат на основните принципи на спортската исхрана, ризикот од појава на инфекции е помал. Кај спортистите во чија исхрана нема овошје и зеленчук може да дојде до појава на чести инфекции.

Отпорноста во текот на зимата

Во зимскиот период често се појавуваат различни видови на вирози и настинки. Сепак, вирусните настинки не се јавуваат како последица на промената на времето и студениот воздух. Иако многу вируси почнуваат со падот на температурите, не можеме да ги поврземе со времето. »На падот на имунитетот повеќе влијае начинот на живот отколку околината. Есенскиот бран на настинки проследен со грип е последица на живеењето во затворен простор и идеалните услови за ширење на инфекции, а не на ладниот воздух. Ако околината директно влијае на отпорноста, тогаш Ескимите кои живеат во екстремни услови би биле многу поболни него лицата што живеат во другите земји. Всушност тоа е спротивно«, објаснува Нена Копчавар Гучек, др мед.

Поддршка на имунолошкиот систем

Спортистите можат да ја дополнат исхраната со додатоци во исхрана како што е на пример Defendyl® со витамин Ц и цинк, кои ја помагаат работата на имунолошкиот систем и ја активираат природната одбрана на организмот.


Вироза, настинка и болки во грлото

Кога нашата отпорност се намалува, тогаш можеме да подлегнеме на инфекции предизвикани од вирусот. Вирозите или настинките започнуваат со воспаление на грлото, продолжуваат со течење на носот, а потоа обично се придружува и кашлицата. Постојат повеќе од 200 вируси кои предизвикуваат настинки, а ладниот воздух надвор или сувиот воздух во просториите може дополнително да ги исуши слузокожата и да го забрзаат воспалението. Антибиотикот не е решение за вирусите. Болките во грлото најчесто се придружени со засипнатост, немање на глас, чешање, пецкање и тешко голтање.

Дали спортистите кога се настинати не смеат да тренираат?

Во случај на блага настинка, спортистите и покрај ниските температури можат да спортуваат на отворено. Спортската активност ја стимулира работата на имунолошкиот систем. Се препорачува спортистите со маска да ги заштитат устата и грлото од студениот воздух и да носат соодветна облека за спортската активност.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.