Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Интересно> Совладајте го заморот со помош на 7 едноставни методи

Совладајте го заморот со помош на 7 едноставни методи

Дали секојдневно Ви се случува истото, чекате да дојде вечер и веднаш да си легнете? Не сте единствени. Со заморот се соочуваат многу луѓе. Најчесто не напаѓа во зима, кога деновите се кратки и ретко можеме да доловиме сончев зрак. На нашето тело му е потребно многу повеќе одмор во зима отколку во лето, меѓутоа за повеќето од нас тоа е невозможно, бидејќи ги имаме истите обврски како и во текот на летните денови.

 

 

Пролетен замор

По зимата кога телото има желба за подолг одмор, следи пролетниот замор кога нашето тело полека се буди и активира, како што се буди и природата околу нас. Напорното темпо на живот и стресот не ни даваат можност да и ние со првите пролетни зраци се пробудиме од „зимскиот сон‘‘, како кокичето и јагликата, туку сакаме да стартуваме од 0 на 100км на час во неколку секунди. Тоа го можат само спортските автомобили, а на човечкото тело му е потребно малку повеќе време за активација... Затоа заморот за време на ладните месеци често е придружуван од вирусни инфекции кои може да се повторуваат ако нашиот имунолошки систем не функционира добро.

Избегнете ги вирусите со тоа што ќе го зајакнете вашиот имунитет.

7 методи за совладување на заморот и зголемување на отпорноста

За вас одбравме 7 методи со чија помош ќе го совладате заморот, а со тоа ќе го подобрите имунитетот и ќе го зачувате вашето здравје. Направете комбинација од методите кои одговараат на вашиот начин на живот. Вреди!

1. Добар сон

Златното правило по кое би требало да се придржуваме во текот на еден 24-часовен циклус е 8 часа работа, 8 часа слободно време и 8 часа сон. Долготрајниот недостаток на сон има негативен ефект врз нашето здравје.

2. Работни обврски, но и одмор

По секој завршен работен ангажман или стресен настан, овозможете му одмор на вашето тело. Не заборавајте дека работите и дома, а не само на работа. Внимавајте зголемениот обем на работа да не премине во навика која ќе Ви го одзема времето за одмор.

3. Здрава исхрана

Уживајте во вашата храна и пијалок. Земете си доволно време за 3-5 оброци дневно конзумирајќи ги во мир, а не пред екран или брзајќи. Користете сезонски локални производи. Избегнувајте ја брзата и преработена храна, подгответе неделен план на оброци и гответе во вашиот дом. На тој начин не само што ќе внимавате на вашето и здравјето на вашите најблиски туку и ќе заштедите.

4. Движете се

Дозволете движењето да одземе дел од вашето време! Физичката активност во голема мера влијае на работата на имунолошкиот систем како и врз многу други важни процеси во организмот. Бидете физички активни секојдневно, најмалку половина час. Користете скали, стигнете пеш на состанок, или рекреативно со пријателите. Со мали чекори до високи цели!

5. Медитирајте и пишувајте дневник

Што чувствувате и какви мисли имате. Бидете свесни за она што се случува со вас и околу вас. Престанете да се грижите за работи врз кои немате никакво влијание. Фокусирајте се на себе, на вашето здравје и на она што ве прави среќни. Бидете благодарни за она што го имате: здравје, пријатели, партнер, деца, родители, брат, сестра...Потрудете се да го вклучите медитирањето во вашето секојдневие (инструкции може да пронајдете на Интернет) или започнете со дневник на благодарност во кој секој ден ќе запишувате по најмалку три работи на кои што сте благодарни.

6. Поминете го слободното време со вашите најблиски

Активностите за време на вашето слободно време планирајте ги исто толку внимателно како и вашите работни обврски. Универзитетот Харвард повеќе од 80 години спроведува анкета за среќа меѓу своите студенти која покажала дека добрите односи со луѓето околу нас имаат големо влијание врз нашето здравје и генерално се исклучително важни за среќата.

7. Погрижете се за вашиот имунолошки систем

Избегнете ги вирусите со тоа што ќе го зајакнете вашиот имунитет. На правилното функционирање на имунолошкиот систем влијаат соодветната исхрана и физичката активност, меѓутоа се препорачува и земање на производи превентивно кои ќе го зајакнат имунолошкиот систем за време на сезоната на вируси од септември до март.

Ако веќе ги имате првите симптоми на слабост, тогаш најсоодветни се капсулите Defendyl-Imunoglukan P4H.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.