Денис Баш, др мед.
Педијатар
Почетна >Имуноблог >Стручно > Совети од педијатар за полесно справување со вирусни инфекции на респираторниот систем

Совети од педијатар за полесно справување со вирусни инфекции на респираторниот систем

Болестите на респираторниот систем претставуваат најчеста причина за посета на лекар кај децата и адолесцентите.Тоа се најчесто разни вирусни инфекции кои се најтешки за предучилишните деца кои одат во градинка. Ако минатата година имаше многу малку болни деца поради комплетното затворање на градинките и училиштата за време на новата пандемија со корона вирусот, овогодинешната сезона пак започна многу рано.

 

 

Веќе кон крајот на август откривме голем број на инфекции на респираторниот синцицијален вирус (РСВ), кој предизвикува инфекции на долните респираторни патишта кај малите деца. Тие можат да напредуваат до респираторна инсуфициенција, посебно кај осетливи доенчиња. Инфекциите предизвикани со други сезонски вируси исто така се во пораст. Се појавуваат и првите случаи на грип.

Затоа, на нас педијатрите ни е особено важно да се трудиме колку што е можно повеќе да го спречиме ширењето на вирусните инфекции, но и првенствено да продолжиме да делуваме превентивно.

Би истакнал неколку мерки со кои ние како родители можеме да влијаеме на своето дете и на тој начин да спречиме посериозни компликации кои ги предизвикуваат инфекциите или компликациите кои се појавуваат кај децата по прележана инфекција.

На прво место се основните хигиенски мерки (проветрување на просториите, дезинфекција на рацете и површините, закрепнување во домашна средина). Доколку во семејството има новороденче или доенче помало од 6 месеци, важно е постарото дете кое оди во градинка привремено да остане дома. 

Дури една четвртина од децата можат да развијат компликации поради грип, најчесто гнојно воспаление на средното уво и пневмонија. Заштита со помош на вакцина против грип се препорачува посебно кај мали деца (од 6 месеци до 2 години) и кај сите деца со хронични заболувања.

Одредени витамини и додатоци во исхрана исто така можат да помогнат во зајакнување на имунолошкиот систем. Едни од најистражуваните природни имуномодулатори се биолошки активни полисахариди, меѓу кои најмногу испитувани се бетаглукани добиени од печурката буковка. Овие нерастворливи полисахариди доспеваат до нашиот имунолошки систем во цревните лимфни јазли и го прават поотпорен на вирусни инфекции. Следствено, закрепнувањето од вирусните инфекции е брзо, а секундарните бактериски инфекции како последица од компликации од прележани вирусни инфекции се појавуваат поретко.

Витаминот Д има многу корисни ефекти врз работата на нашиот имунолошки систем и го прави ефикасен преку различни механизми. При недоволно создавање на витаминот Д во нашата кожа под дејство на сонцето во есенско-зимскиот период и недоволен внес преку исхрана, на Вашите деца се препорачува да им давате витамин Д (400–600 IJ на ден) во ладните месеци од годината.

Комбинација на сите овие мерки: хигиенски мерки, вакцинација против грип и пнеумокока, додавање на витамин Д, консумација на докажан бетаглукан и здрав начин на живот (избалансирана исхрана, пешачење на воздух) со сигурност ќе ја намали зачестеноста на вирусните инфекции на респираторниот систем кај децата.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.