Nina Fridrih
Почетна >Имуноблог >Интересно > Силен имунолошки систем во борбата против бактериите и вирусите

Силен имунолошки систем во борбата против бактериите и вирусите

Микроорганизмите се дел од секојдневниот живот и се наоѓаат во воздухот, водата, на подот, како и врз и во нашите тела. Многу микроби живеат во и на нашето тело, без да ни наштетат, а некои се дури и корисни за здравјето (на пр. во процесот на дигестија). Сепак, понекогаш се случува овие микроби да навлезат во телото, а нашите одбранбени способности да изостават па се појавуваат болести. Ова често се случува во несоодветен момент, па помислуваме: „Сега навистина не е време да се разболам!“.

 

 

Потенцијални причинители за заболувањa се бактерии, вируси и поретко габи. Најчестите бактериски инфекции се ангина и пневмонија, а за борба против бактериите се користат антибиотици. Спротивно на тоа, грипот и настинката се главно предизвикани од вируси. Во тој случај, антибиотиците не се ефикасни.

За време на вирусни инфекции најчесто сами си помагаме преку ублажување на симптомите. Важно е да се одмараме многу и да пиеме доволно течности за да му помогнеме на имунолошкиот систем да се бори. При покачена телесна температура или присутна болка, се користат антипиретични лекови и лекови против болки (аналгетици) - најчести се парацетамол, ацетилсалицилна киселина и ибупрофен. При затнат нос, се користат декогестиви во форма на спрејови или капки, кои ни го олеснуваат дишењето со намалување на секрецијата на слуз. При суво или иритирачко кашлање се користат антитусици, а за кашлање со спутум(искашлок) се користат лекови за олеснување на кашлањето. Често се користат лекови кои содржат комбинации на активни супстанции.

Сепак, се прашуваме зошто воопшто има појава на инфекција, и зошто нашето тело не се спротивстави на бактериите или вирусот што нè нападнаа?

Силниот имунолошки систем е клучен во одбраната на човечкото тело. Имунолошкиот систем е еден од најважните носители на нашето здравје, го штити организмот од навлегување на микроби и ги напаѓа оние кои успеваат да влезат во нашето тело. За да се одржи силен имунолошки систем, ние пред сè мора да се погрижиме за здрав начин на живот: добра физичка состојба, правилна исхрана и доволно одмор. Да одвоиме време за себе секој ден, за рекреација или релаксација, без чувство на грижа на совест.

Кога имуниот систем е ослабен, добро е да се поддржи со природни препарати кои го зајакнуваат имунитетот. Земањето на овие производи се препорачува превентивно, а исто така и за време на веќе развиена инфекција, со цел да му се овозможи на нашето тело побрзо да се опорави. Здравиот имунолошки систем долгорочно нè штити од инфекции.

Производите Imunoglukan P4H® спаѓаат во групата на имуномодулатори, што значи дека тие го регулираат одговорот на имунолошкиот систем. Тие содржат природен биоактивен полисахарид Imunoglukan® изолиран од габата буковка. Откако оваа супстанција ќе се врзе за рецепторите на имуните клетки, таа го активира имунолошкиот одговор во целото тело. Исто така, содржи важни антиоксиданти, витамин Ц и цинк, кои имаат потпорен ефект, ги штитат клетките од ефектите на штетните материи од околината и ја компензираат зголемената потреба при исцрпеност и инфекции.

Извори:
https://www.gorenjske-lekarne.si/svetovanje-clanek/prehlad-in-gripa
www.sfd.si/uploads/datoteke/13dsl.pdf

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.