Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Интересно> Што е заедничко за бубамарите и имунолошкиот систем?

Што е заедничко за бубамарите и имунолошкиот систем?

Бубамарите се многу корисни и омилени инсекти. Тие се синоним за плодност бидејќи се хранат со штетните материи во градините и на ливадите, и наводно одбиваат несреќа. Уште нашите баби знаеле дека бубамарите носат среќа, поради тоа следен пат кога бубамара ќе одлета од вашиот прст и вие посакајте си нешто убаво.

 

 

Бубамара и имунолошки систем

Најверојатно веќе сте забележале дека заштитен знак на Defendyl P4H® е бубамарата. Слично како што бубамарите во градините и на ливадите бараат бубачки кои ги напаѓаат цвеќињата и зеленчукот, така и Defendyl® му помага на организмот во борба против вирусите и помага во зајакнување на имунолошката отпорност. Заедно со витамин Ц и цинк допринесува за побрзо опоравување кога сме болни и за одржување на телесната отпорност.

7 факти за бубамарата

1. Бубамара или божја овчичка

Бубамарите спаѓаат во фамилијата  Coccinellidae. Во светот постојат скоро 5000 различни видови на бубамари, но кај нас ги има околу 60. Во нашите краеви најчест е видот седмоточкаста бубамара (Coccinella septempunctata).

2. Дали точките ни покажуваат колку бубамарата е стара?

Не! Бубамарите може да имаат различен број на точки. Некои имаат дури и 24. Иако повеќето бубамари живеат само до година дена, бројот на точките не се менува со нивното стареење и секогаш е ист. Вистина е само тоа дека со текот на времето точките избледуваат.

3. Бубамарата е инсект кој живее долго

Бубамарите живеат подолго од многу други инсекти. Возрасните бубамари обично живеат од 3 до 9 месеци. Некои бубамари може да живеат и 2 или 3 години!

4. Воена боја на бубамарите

Природата развила единствен предупредувачки систем на бои. Црвената, жолтата и црната му кажуваат на напаѓачот дека тие животни не се вкусни или дури се и отровни. Бубамарите се црвени и имаат црни точки, а исто така и горчлива крв со што одбиваат многу напаѓачи.

5. Бубамарите се најдобри пријатели на градините

Бубамарите се најдобрите пријатели на градините бидејќи сакаат да јадат инсекти кои им штетат на растенијата. Обично сакаат да јадат лисни уши. Бидејќи се многу ефикасни во уништувањето на инсекти, често се употребуваат за биолошка контрола на штетниците во градините и на ливадите наместо вештачки ѓубрива.

6. Брзина на бубамарите

Најголемата брзина на бубамарата изнесува 24 километри на час. Тоа значи дека се многу поспори од повеќето инсекти. За споредба: некои инсекти може да летаат и до 100 километри на час! Меѓутоа, движењето крилата кај бубамарите е многу брзо; за време на летањето крилата се движат дури 85 пати во секунда. Најголемата брзина на бубамарите е 24 километри на час. Тоа значи дека се многу поспори од повеќето инсекти.

7. Бубамарите во космосот

Американската вселенска агенција НАСА во 1999. година пратила четири бубамари и лисни уши во вселената за да го провери нивното движење во просторот без гравитација. Бубамарите симпатично ги нарекувале по групата The Beatles (во превод инсекти); во чиј состав биле Џон, Пол, Ринго и Џорџ. Бубамарите преживеале и ги изеле лисните уши дури и во непријатната околина на микрогравитацијата. На бубамарите им одговара вселената!

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.