Матиц Долинар, Мр фарм
Почетна >Имуноблог >Интересно > Што да направите при првите знаци на настинка или грип

Што да направите при првите знаци на настинка или грип

Со доаѓањето на есента и зимата, пристигнуваат и дождовите, студот и ветрот, почнуваат настинките и пролазните кашлици, се јавува и стресот. Во ова време најчесто се појавуваат зимските инфекции на респираторниот систем, а луѓето најчесто се во затворени простории со што се поткинува ширењето на инфекциите. Што можеме да направиме при првите знаци на лоша општа состојба, замор и исцрпеност кои се резултат на намален имунитет?

 

 

1. Пијте доволно течности

Внесувањето на доволна количина на течности е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за да го припремите вашиот организам за борба против лошите микроорганизми. Најдобро е да земате вода, чаеви без кофеин, спортски пијалоци и пијалоци без шеќер. Ви препорачуваме и сокови со голема количина на витамин Ц како што е свежо исцеден сок од портокал.

2. Дозволете си доволно сон и одмор

Во првите 24 часа од почетокот на настинката важно е на своето тело да ми дадете многу сон и одмор за да може лесно да се опорави. Истражувањата покажаа дека луѓето што ноќе спијат помалку од 7 часа три пати се посклони кон настинки од оние што спијат 8 часа и повеќе.

3. Не претерувајте со активности

При првите знаци на настинка или грип намалете ја дополнителната физичка активност и на вашето тело дајте му доволно време за одмор и оздравување, бидејќи така ќе му помогнете на организмот да зајакне.

4. Јадете лесна храна

Кога вашето тело се бори против настинка, важно е да му обезбедите доволно храна која е извор на енергија. Храната мора да биде здрава и урамнотежена. Ви препорачуваме храна лесна за желудникот, како што е варен зеленчук, свежо овошје, домашни супи, смути и лесно сварливи јаглени хидрати како ориз и тост.

5. Гаргарете солена вода

Еден од нај природните начини за борба против болката во грлото е солената вода. Се врзува прекумерната вода од ткивото на грлото, го намалува воспалението и го чисти слузот и материите што го иритираат грлото. Гаргарата ги отстранува бактериите и вирусите. Доволно е да растворите половина кафена лажичка сол во чаша вода и да направите неколку гаргари.

6. Земете Defendyl®

При првите знаци на лоша општа состојба, замор и исцрпеност ви препорачуваме да земете три капсули Defendyla®. Покрај Имуногликанот содржи цинк и витамин Ц за поддршка на имунолошкиот систем и намалување на заморот и исцрпеноста.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.