Рецепти со печурки
Буковката е една од лековитите видови на печурки. Познаваме повеќе видови на печурки од родот Pleurotus, па така покрај обичната буковка постои лисичарка буковка, плава буковка и други. Буковката или Pleurotus ostreatus е дрвна печурка која е честа и во нашите краеви. Се наоѓа на стеблата и трупците од листопадните дрвја, посебно на буката, дивиот костен, брестот и оревот.
Буковката можеме да ја купиме на есен на пазар, а во текот на целата година во подобро снабдените продавници.Буковката е здрава намирница богата со витамини, минерали и влакна.
Собравме неколку извонредни рецепти со буковки, кои можете да ги замените со вргањ или шампињони.

Тестенини со буковки
СОСТОЈКИ:
- 1 пакет печурки буковка (спакувани се во пластична кутија)
- 500 гр тестенини (облик спирала)
- 1 кисела павлака
- 1 кромид
- 3 чешлиња лук
- маслиново масло
- малку брашно
- босилек
- свеж магдонос
- сув мешан зачин
- пармезан по желба
ПРИПРЕМА:
Во солена врела вода во која сме додале лажица масло ги вариме тестенините на начин al dente (тоа значи дека тестенината при пробување е зготвена, но не и преварена, значи баш како што треба да биде; следете ги упатствата од кесичката).
Додека тестенините се варат, земаме тава, ставаме малку маслиново масло (лажица или две), ги додаваме насецканите кромид и лук, а потоа мешаме додека не станат жолтеникави. Во тавата ги додаваме претходно измиените и исецкани буковки; кај оваа печурка можат да се употребат сите делови. Пржиме околу пет минути, а потоа додаваме лажица брашно и малку вода, па повторно мешаме да се зготви добро. Го додаваме босилекот и зачинуваме по потреба. Во смесата ја додаваме киселата павлака и оставаме да се готви уште 5 до 10 минути. На крај на сосот му додаваме магдонос.
Тестенините прелијте ги со сосот и по желба посипете пармезан.
Време на подготовка: 30 минути
Количина: за 4 лица

Супа од буковки
СОСТОЈКИ:
- 500 гр буковки
- пола кромид
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица мешан сув зачин
- бел бибер
- 100 мл слатка павлака
- 1 лажица лимонов сок
- крукчиња за супа или пропржени коцки леб по желба
ПРИПРЕМА:
На загреано масло го пропржуваме насецканиот кромид, ги додаваме кришките буковка, кратко пржиме, додаваме еден литар вода и готвиме се додека печурките не омекнат. Зачинуваме со мешаниот сув зачин и белиот бибер, по потреба додаваме уште малку вода и готвиме уште пет минути. На зготвената супа и додаваме лимонов сок и павлака и додаваме сол по вкус. На супата можеме да додадеме и крукчиња за супа или пропржени коцки леб (крутони).

Плескавици со буковки
СОСТОЈКИ:
- 250 гр буковки
- 3 лажици маслиново масло
- 1 помал кромид
- 1 чешле лук
- 2 лажици исецкан власец
- 5 лажици презла или интегрално брашно
- 2 јајца
- сол по потреба
- 50 гр свежо нарендан пармезан
- сусам по желба
ПРИПРЕМА:
Печурките ги чистиме и ги сечеме на листови. Ги чистиме кромидот и лукот и ги сечеме на парчиња. Кромидот го пропржуваме на загреано масло. Кога кромидот ќе омекне ги додаваме исечените буковки и лукот. Готвиме додека не испари водата од печурките. Додаваме власец, презла, јајца и пармезан. Оставаме да отстои 10 минути за да брашното ја впие течноста. Ако користиме презла, нема потреба да чекаме. Со прсти ја обликуваме масата во облик на плескавици и по желба ги валкаме во семки од сусам. Ги ставаме на загреано масло и печеме од секоја страна по три минути, односно додека не добијат темно златна боја.
Ги послужуваме на листови од рукола или маточина.
Време на подготовка: 15-20 минути
Количина: за 4 лица
Изберете вистинкси производ за Вас

Боенка
Превземете боенка за Вашето дете. Ќе ни биде задоволство ако ни пратите слика на меил да видиме како сте ја обоиле.
Уживајте во боењето со децата!
Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.
Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.