Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Интересно> Прекумерен замор и исцрпеност: како можеме да си помогнеме сами на себе

Прекумерен замор и исцрпеност: како можеме да си помогнеме сами на себе

Прекумерниот замор е многу честа појава со која се соочуваат многу луѓе. Зголемениот замор често се јавува во текот на заздравување од вирози или други инфекции. Иако заморот од акутните болести обично брзо поминува, многу луѓе се борат со долготрајниот замор. Тоа се манифестира со разни знаци кои можат да бидат физички, ментални или емоционални.

 

 

Најчест знак на прекумерен замор е исцрпеност која не се намалува после одмор или спиење. Чести знаци кои ја следат исцрпеноста се:

  • недостаток на мотивација и апатија
  • болки во мускули
  • дневна поспаност
  • проблеми со концентрација
  • гастроинтестинални пореметувања (надуеност, опстипација, дијареа...)
  • главоболка
  • раздразливост
  • забавено време на реакција
  • проблеми со видот

Причините на долготрајниот замор можат да бидат од различно потекло. Важно е да се обидеме да го пронајдеме причинителот на својот замор, бидејќи со тоа се олеснува и изборот на мерките кои ќе ни помогнат да ја подобриме нашата состојба.

Најчести причини за прекумерен замор се:

  • недостаток на сон
  • пореметено дишење при спиење (апнеа)
  • лоши навики во исхраната
  • слабокрвност
  • ментални причини (депресија, вознемиреност, емоционален стрес...)
  • пореметена работа на штитната жлезда (хипотиреоидизам)
  • претерано консумирање на кофеински напитоци
  • инфекции на уролошкиот систем
  • дијабетес (шеќерна болест)
  • дехидратација
  • срцеви заболувања
  • ноќно работење и работа во смени
  • алергии на храна

Константниот замор ни пречи во животот бидејќи ни недостасува енергија за секојдневните задачи и активности. Меѓутоа, долготрајната исцрпеност исто така може да предизвика акутни и хронични болести и поради тоа е многу важно да се води сметка за себе и да се проба со разни мерки да се отстрани заморот.


Константниот замор ни пречи во животот бидејќи ни недостасува енергија за секојдневните задачи и активности.

Како можам сам на себе да си помогнам?

1. Подобрите ги своите навики за спиење

Квалитетниот сон е првиот чекор кон намалување на заморот. За добар сон треба да водите сметка за добрата навика на спиење, која се постигнува со овие мерки:

  • Одете на спиење и будете се секој ден во исто време.
  • Внимавајте температурата во спалната соба да биде адекватна.
  • Спијте во темна и мирна просторија.
  • Избегнувајте гледање во екран (телефон, таблет, телевизор) барем еден час пред спиење
  • Не јадете најмалку 90 минути пред спиење
  • Смирете се физички и психички пред спиење.

2. Подобрете ги своите навики во исхраната

Здрава и урамнотежена исхрана ќе ви помогне за да имате повеќе енергија. Експертите советуваат да избегнувате брза и нездрава исхрана, како и да јадете многу повеќе овошје и зеленчук богати со витамини и минерали. Избегнувајте грицки со многу шеќери бидејќи можат да предизвикаат пад на енергијата. Јадете мали оброци повеќе пати на ден. Важно е да не пиете кофеински напитоци во попладневните или во вечерните часови или пак потполно да прекинете да ги консумирате.

3. Зголемете ја физичката активност

Редовната физичка активност може многу да го подобри сонот и да го смали уморот. Многу истражувања покажале дека сите луѓе кои се занимаваат редовно со спорт се помалку уморни од оние кои не се занимаваат со спорт. Експертите препорачуваат да вежбате многу за да си ја зголемите енергијата, но со умерен интензитет. На пример, препорачани физички активности се движење, јога и умерено тешки тренинзи.

4. Планирајте ги своите дневни и неделни обврски

Заморот е често последица на прекумерниот физички напор. Тоа може да влијае да спиете малку, но и на тоа да се чувствувате слабо во текот на денот. Со планирањето на обврските можете да избегнете преоптоварување и да го намалите заморот. Меѓутоа, во секојдневието исто така треба да вклучите време за опуштање и одмор и рамномерно да го распоредите по денови, бидејќи промената на периодите на многу интензивен период и неактивност исто така го зголемува заморот. Истовремено е важно да не се очекува премногу од себе и од другите и да не се поставуваат нереални цели, со што сигурно ќе се подобри вашето метално здравје.

5. Defendyl P4H®

Defendyl P4H® е додаток во исхраната кој содржи природен Imunoglukan®, витамин Ц и цинк. Defendyl® благотворно делува на здравјето и отпорноста на организмот. Витаминот Ц помага во смалување на заморот и исцрпеноста.

Доколку заморот е пропратен и со други симптоми или не може да се подобри состојбата со наведените мерки, ве советуваме да посетите лекар.

 

 

 

Извори:

https://www.webmd.com/balance/how-tired-is-too-tired#1

http://www.drmed.org/wp-content/uploads/2014/06/XIV-62.pdf

https://www.medicalnewstoday.com/articles/248002.php#causes

https://www.onhealth.com/content/1/causes_of_fatigue

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.