Сара Крамбергер, м-р. хем.
Почетна >Имуноблог >Интересно > Останете здрави преку целата година и уживајте во животот

Останете здрави преку целата година и уживајте во животот

Вистинска уметност е да се живее едноставен живот, да се биде задоволен и среќен, а не премногу загрижен и исплашен. Секој ден сме оптоварени со непотребни грижи за тоа како да ги направиме работите уште подобри, да заработуваме уште повеќе, да бидеме повеќе со семејството, да ги средиме и договориме сите наши службени обврски, без притоа да се замориме. Тоа едноставно не е можно! Сето ова е стрес за нашиот организам, што влијае на нашето здравје.

Ние ви нудиме неколку предлози за тоа како најдобро да се грижите за себе и да го користите секој ден совесно.

 

 

 1. Здрава и регулирана исхрана

Секојдневно подготвувајте редовни и регулирани оброци кои содржат јаглени хидрати (овошје, зеленчук, житарици), протеини (млечни производи, месо, јајца, мешунки) и здрави масти (риба, јаткасти плодови, семиња). Кога купувате храна, имајте на ум дека локалната и домашна храна содржи многу повеќе хранливи материи од онаа што поминала неколку илјади километри.

За жал, нема храна што може да нè заштити од вирус. Но, постои храна која значително го зајакнува имунолошкиот систем. Меѓу нив, боровинките се на прво место. Тие се богати со антоцијани, еден вид флавоноид што влијае на имунолошкиот систем.

Темното чоколадо е уште подобар избор затоа што е богато со антиоксиданти кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем и ги штитат клетките од слободни радикали. И покрај бројните придобивки, треба да се конзумира умерено, со оглед на тоа дека чоколадото е богато со калории и заситени масти.

И не смееме да заборавиме на зеленчукот, особено спанаќот и брокулата, кои содржат мало „море“ на витамини и минерали.

Не заборавајте да пиете вода! Водата е извор на живот и основно гориво на нашиот организам. Во просек, добиваме околу 1000 мл вода од храната во текот на денот, но потребни се најмалку уште два литри за нормално функционирање(35 ml на килограм телесна тежина). Дали пиете доволно вода?

2. Движење во природа

Високите температури и сонцето нè покануваат да поминеме што повеќе време во природа. Тоа е одлична можност да се искористи за семејни активности. Покрај уживање во меѓусебното друштво, има многу позитивни ефекти и врз здравјето и јакнењето на имунолошкиот систем. На прво место, би сакала да го истакнам менталното здравје, кое е поврзано со семејната среќа, љубовта и желбата да бидеме едни покрај други. Менталното здравје е основа за исполнет и здрав живот.

На второ место, можеме да ги потенцираме придобивките од движење и уживање на свеж воздух. Редовната физичка активност го забавува ослободувањето на хормоните на стрес, што долгорочно нè штити од разни болести. Мора да бидеме свесни дека стресот е најсилната сопирачка на имунолошкиот систем.

И уште еден интересен факт: редовната умерена физичка активност има антиинфламаторно дејство. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се редовно активни имаат помала веројатност да заболат од инфекции на горниот респираторен тракт. Од ова можеме да заклучиме дека редовната активност го зајакнува имунолошкиот систем.

Не заборавајте да пиете вода!

 3. Внимавајте на хигиената

Вирусите не демнат на секој чекор, во продавница, јавен превоз, преку храната итн. Само кога ќе добиеме вирусна инфекција сфаќаме дека вирусите се тука, сега и насекаде. Во вакви моменти она што ни преостанува е да ги миеме рацете редовно и да ги дезинфицираме работите што другите ги допираат пред нас. Ако имаме настинка, треба да се грижиме и за хигиената при кашлање и за задолжително носење маска. 

Земете си време од денот за себе. Важно е да знаете да се смирите и да одвоите неколку моменти за себе секој ден. Не е важно дали е наутро, во текот на денот или навечер. Застанете, размислете за вашиот ден и за што сте благодарни. Не ни треба многу, зарем не?

4. Земањето на додатоци во исхраната може успешно да го зајакне нашето здравје

Секојдневното брзо темпо на живот остава последици. Најчесто тоа може да го забележиме преку промената на нашето расположение и внатрешниот немир. Сето ова може да укажува на нарушен имунолошки систем и потребно е брзо реагирање. Вие самите знаете дека вирусите посилно ги погодуваат послабите. Можеме да избереме помеѓу витамини Ц, Д, бета-глукани, бактерии на млечна киселина кои ја регулираат цревната микрофлора и други.

Производите од групата Imunoglukan P4H® содржат природен полисахарид Imunoglukan®, кој е изолиран од габата буковка, како и витамин Ц и цинк. Им го препорачуваме на сите кои брзо се разболуваат, често се исцрпени и изложени на психички или физички стрес.

Појавата на разни болести и епидемии предизвикани од вируси предупредуваат дека мора да се грижиме за нашето добро здравје.

Нека ова е време за промени. Со квалитетен животен стил, одговорност и љубов,да се ставиме во преден план себеси и најблиските. Нека секој ден одговара на познатата мисла: Carpe diem !

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.