Почетна >Имуноблог >Стручно > Не се исти сите бета-глукани. Кои се најважните разлики?

Не се исти сите бета-глукани. Кои се најважните разлики?

Не се подеднакво ефикасни сите препарати со бета-глукани. Важно е да знаете кои производи имаат потврдена ефикасност во клинички истражувања на луѓе. 

 

 

Истражување на бета-гуканите

Историски гледано, бета-глуканите во медицината се користат уште од предисторијата, кога луѓето препознале дека некои видови габи имаат лековити својства. Во индиските медицински записи стари повеќе од 5000 години габите се спомнуваат како лек, а старите јапонски записи бележат дека домашните животни кои дополнително се хранеле со габи не развивале инфекции и малигни заболувања. Многу подоцна јапонските научници почнале своите истражувања да ги засноваат токму на тие записи, а слични познавања имале и афричките шамани и американските домородци. Денес е познато дека бета-глуканите имаат силно имуномодулаторни дојство, што значи дека имаат способност за интеракција со имунолошкиот систем, така што од една страна го зајакнуваат кога е тоа потребно, додека пак од друга страна го потиснуваат несаканиот имунолошки одговор.

Во последните 20 години бројот на истражувања кои го потврдуваат позитивното имуномодулалторно дејство на бета-глуканите врз имунолошкиот одговор ја надминува бројката од 20 000 публицирани научни трудови кои бета-глуканот го ставаат на прво место меѓу денес познатите имуноглукани. 

ШТо се бета-глукани?

Бета-глуканите се јаглехидратни молекули кои се природно присутни во габите, квасците, поединечни бактериски соеви и житарици како зоб и јачмен. Нивната структура е составена од голем број молекули на D-глукоза кои се поврзани меѓусебно со 1-3 бета-гликозидни врски во ланец, така наречен скелет кој се разгранува со ланци на D-глукоза поврзани со 1-4 или 1-6 бета-гликозидна врска.


Бета-глуканите се јаглехидратни молекули кои се природно присутни во габите, квасците, поединечни бактериски соеви и житарици како зоб и јачмен. 

Разлика помеѓу бета-глуканите

Токму нивната должина, структура и тип на врски со кои се разгрануваат D-глукозните ланци кои се врзани за скелетот ги прават различни и го одредуваат нивното биолошко дејство. Па така разликуваме бета-1,3/1,6-D-глукани, најчесто изолирани од квасци или габи, потоа бета-1,3/1,4-D-глукани, изолирани од житарици, зоб и јачмен. Колку е посложена молекулата на бета-глуканот, вклучувајки ја и должината на полисахаридниот ланец, разгранетоста и должината н а страничната верига, имуномодулаторот се смета за попотентен. Докажано е дека бета-(1,3)/(1,6)-D-глуканите, односно оние кои се добиени од квасци и габи, имаат посилно биолошко влијание на нашиот имунолошки систем, одколку бета-(1,3)/(1,4)-D-глуканите, добиени од зоб или јачмен.

Бета-глуканите од габите имаат посилно дејство

Бета-глуканите кои најчесто се користат како додаток во исхрана се оние кои се добиени од квасци, воглавном од причина што квасецот е ефтина суровина од која лесно се изолира бета-глуканот, а добиената молекула има докажана имунолошка активност. ОД друга страна, изгледа дека бета-глуканите добиени од габи, поточно габата буковка, имаат значително посилно терапевтско дејство. Всушност, молекулата на бета-глуканот изолирана од габата буковка има изразито разгранет облик со кратки ланци на D-глукоза поврзани со 1,6-бета гликозидна врска на скелетот, затоа има силно стимулаторни дејство врз вродениот имунолошки одговор, односно на макрофагите, неутрофилите и лимфоцитите, како и многу ефикасно антиканцерогено дејство.

Важно е да знаете кои производи имаат потврдена ефикасност во клинички истражувања на луѓе. 

Не се сите препарати подеднакво ефикасни

Врз база на бројни истражувања од страна на Американската агенција за храна и лекови (FDA) пред повеќе од 10 години бета-глуканите од различни извори добиле ознака GRAS (Generally Recognized As Safe), што значи дека се потполно безбедни за употреба кај човекот. Општите препораки за употреба на бета-глуканите се однесуваат на нивното превентивно делување, каде идејата е првично да се спречи развој на вирусни и бактериски инфекции, но секундарно и хронични болести. Меѓутоа многу е важно да се внимава. Не се сите препарати со бета-глукани подеднакво ефикасни. Треба да биде познато кои производи имаат и потврдена ефикасност во клинички истражувања направени на луѓе.

Како се употребуваат бета-глуканите

Бета-глуканите може да ги употребуваат деца, обично се препорачува дa се почне со употреба неколку недели, па и месеци пред појава на сезонските инфекции. Меѓутоа, треба да се има на ум дека здравиот имунолошки систем се заснова на правилни навики на исхрана и умерена физичка активност. Сепак ниту еден додаток во исхраната, а ниту бета-глуканите не можат да ја заменат правилната исхрана и здравиот начин на живот, тие се само дополнителна поддршка на имунитетот токму во периодот кога нашиот организам со сета снага се бори против вирусни и бактериски инфекции.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.