Nadja Ott
Почетна >Имуноблог >Интересно > Настинката може да биде причинета од 200 различни вируси

Настинката може да биде причинета од 200 различни вируси

Вирусните инфекции на респираторниот систем секоја година го достигнуваат врвот во јануари или февруари. Најчест е вирусот на грип и оние слични на него. Најзагрозени се малите деца и повозрасните лица, па кај нив е потребна поголема претпазливост. 

 

 

Познато е дека најголем дел од респираторните инфекции на горниот респираторен систем се предизвикани од вируси. Повеќе од 200 различни типови на вируси можат да предизвикаат настинка, а од тие најчесто предизвикувачи се риновирусите (30–50%), потоа корона вирусите, вирусот на параинфлуенца, аденовирусите, респираторниот синцициски вирус и други.

Овие причинители интензивно се распространуваат во есенско/зимскиот период, а врвот обично го достигнуваат во јануари или февруари. Причини има повеќе – од една страна се менуваат факторите од околината кои овозможуваат преживување на поголем број микроорганизми, а и можноста за пренесување е зголемена, бидејки децата во предшколска и школска возраст се дружат повеќе во затворени простории.

Врз човековата склоност кон инфекции предизвикани од вируси подеднакво влијае колку е изложен на инфекции како и колкава е неговата отпорност кон инфекции, односно колку имуниот систем е спремен да ја победи инфекцијата.

Важно е да се превземат соодветни мерки и да се зајакне имунитетот!

Инфекциите на горнореспираторните патишта се обично благи и самоограничувачки заболувања кои кај луѓе со добар имунитет поминуваат после неколку дена. Особено е значајно секој да внимава на сопственото здравје.

Важни се и мерките на претпазливост:

  • миење и дезинфекција на рацете
  • што поретко допирање на лицето, устата и носот со рацете, бидејки преку слузокожата може да се внесат вирусите од околината
  • проветрување на просториите
  • избегнување контакт со лица кои би можеле да бидат заболени
  • избегнување настани во трговски центри, каде има голем број на луѓе
  • ако сте болни останете дома додека не оздравит

Против (вирусни) инфекции можете да се борите и со зајакнување на имунитетот. Се препорачува потпомогнување на неспецифичниот (вроден) имунитет кој се активира веднаш после инфекција без оглед на тоа за кој вирус се работи.

Со овој начин на имуномодулација се зајакнува отпорноста против голем број причинители на инфекции, а од друга страна на овој начин се намалува и имуносупресивното дејство на имуниот систем, кој ја регулира јачината на воспалителната реакција.

Defendyl P4H® има докажано имуномодулаторно дејство и брзо делува на неспецифичниот имун систем (го зголемува бројот на клетките природни убијци – НК-клетки). Соодветен е за превентивна употреба, како и веднаш при првите симптоми на акутна инфекција. Може да се користи подолг временски период без прекин.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.