Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Стручно> Лето и болести кај деца

Лето и болести кај деца

Летото ни носи топли, безгрижни денови со високи температури, летувања и бањање во море или базен... Меѓутоа болестите не мируваат ни во лето. 

 

 

Многу деца во летните месеци користат антибиотици, можеби ги "нападнале" овчи сипаници или пак целото нивно семејство го мачи ангина.

Ако се соочувате со овие тегоби, прочитајте на што сѐ треба да обрнете внимание за да не ја влошите дополнително и онака ослабената здравствена состојба.

Превенција за семејните летни ангини

И во топлите летни месеци ангината не мирува. Зошто е тоа така? Затоа што преку целата година сме подложни на инфекции со бактеријата која ја предизвикува ангината. Тоа нормално е поврзано со работата на имунолошкиот систем. Сепак постојат и такви луѓе кои постојано ја имаат бактеријата во грлото, но сепак се сосема здрави. Тие можат да се разболат кога ќе им се намали отпорноста или кога ќе се разболи некој член од нивното семејство. Бактеријата се пренесува при блиски контакти, на пример при бакнување, употреба на иста четка за заби, прибор за јадење, чаша... Затоа за спречување на пренесувањето на бактеријата која предизвикува ангина многу се важни хигиенските услови.


Совет: Можат да Ви помогнат производи за јакнење на имунитетот како што е на пример Defendyl P4H.

Детето кое користи антибиотици не смее да се изложува на сонце

Дали сте знаеле дека при користење на некои антибиотици, по изложување на сонце, на кожата може да се појави осип сличен на изгореници од сонце? Чувството на кожата е непријатно, се чувствува пецкање и бодење. Оваа појава стручно се нарекува фототоксична реакција. Во ретки случаеви е можна фотоалергиска реакција, што значи дека покрај споменатите симптоми се појавува и оток и чешање. Зафатената кожа може да биде со темна боја, односно хиперпигментирана.

Совет: Детето кое во летните месеци е на антибиотска терапија треба што помалку да се изложува на сонце

Бањање во море при инфекција со овчи сипаници

На детето кое е инфицирано со вирусот на овчи сипаници не му се препорачува бањање во море или базен. Причини за тоа се следниве: 

  • Болеста е многу заразна и затоа детето мора да остане дома додека сите меурчиња на кожата и слузокожата не се исушат. Тоа обично трае од 7 до 10 дена.
  • За време на инфекцијата имуниот систем на детето е ослабен.
  • Зафатената површина на кожата е подложна и на други инфекции.
  • Изложеноста на сонце може дополнително да ја оштети инфицираната кожа. 

Совет: Детето нека остане дома додека не се исушат ситемеурчиња.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.