Нина Фридрих
Почетна >Имуноблог >Defendyl® > Кога детето поради болест не смее да оди во градинка и како да се отвори боледување

Кога детето поради болест не смее да оди во градинка и како да се отвори боледување

Во градинка може да оди само здраво дете. Вирусни цревни заразни заболувања и капкови заразни заболувања се најчести во втората половина од годината кога времето е ладно. Кога ќе се појави заразнозаболување, родителите не го носат детето во градинка и наоѓаат начин кој да се грижи за детето, доколку самите не се во можност да се грижат за детето дома. Болното дете побрзо заздравува во својот дом, каде и се чувствува многу подобро. Во градинка нема да може да си игра, ќе му недостасува топлината од неговите родители и ќе претставува ризик да се заразат и други деца во групата.

Дете не е смее да оди во градинка доколку:

  • има вирусна инфекција (настинка, грип, вирусни цревни инфекции)
  • доколку во последните 48 часа имало треска, дијареа (2 или повеќе пати на ден) или повраќало
  • доколку има вошки или шуга - може да се врати во градинка по успешно отстранување на вошките или по успешно лекување на шугата
  • доколку има осип со температура или без температура (освен кај неинфективни осипи, како што се алергиски, каснувања од инсекти ..)
  • кога генерално не се чувствува добро

Детето може да оди во градинка доколку:

  • нема треска
  • јаде нормално
  • кога нормално си игра
  • не му е потребно повеќе одмор од вообичаено

Колку време е потребно детето да остане дома откако ќе оздрави?

Многу е тешко генерално да се каже кога болното дете повеќе не може да зарази други деца, бидејќи децата, инфекциите но и ситуациите се различни. Прво и основно е како се чувствува детето. Едноставно е многу тешко да се предвиди колку дена треба да поминат по високата температура или на пр. по кашлица, за да детето може да се врати во градинка. Родителите најдобро ги познаваат своите деца и знаат кога се чувствуваат добро.

На пример, неблагодарно прашање е кашлицата. Децата можат да кашлаат долго време по респираторна инфекција, кога веќе се здрави. Тогаш тие најчесто не се заразни, се чувствуваат добро и затоа можат да одат во градинка. Исто така е проблематичен и третманот на глисти кај децата и вошките. Родителите тогаш немаат платено отсуство за грижа на болно дете.

Како да отворите боледување?

На првиот работен ден, кога останувате дома, информирајте го работодавачот и педијатарот на Вашето дете. Боледување по основа на грижа за болно дете може да се добие доколку родителот е во работен однос и има здравствено осигурување.

Осигуреникот има право на платена привремена неспособност за работа врз основа на грижа за болен член на семејството, при:

  • лекување и медицинско испитување
  • негување на болно дете до тригодишна возраст
  • негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена
  • неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење
  • неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена
  • за боледување за дете до тригодишна возраст, следува 100% исплата,
  • за боледување над тригодишна возраст, исплатата изнесува 70% за боледување до 15 дена, 90% за боледување до 30 дена. Кај боледување повеќе од 30 дена, боледувањето паѓа на товар на ФЗОМ.

Надоместокот на плата припаѓа од првиот ден на спреченост за работа и трае цело време додека трае спреченост за работа, а се исплатува за деновите за кои се остварува плата според прописите за работни односи.

Можете повеќе да прочитате за правилата за боледување за згрижување деца на веб -страницата на ЗЗО.

За зачувување на здравјето и зајакнување на имунолошкиот систем најважна е превенцијата. Детето мора да јаде здрава храна, да се движи доволно на свеж воздух и да е наспано. Покрај тоа, мора да се води грижа за честото чистење на носот, миењето на лицето и рацете. За зајакнување на имунолошкиот систем можат да помогнат и додатоците во исхраната со природни состојки (бета глукан, витамин Ц и цинк).- Defendyl P4H® се препорачува за превенција и во случај на намалена отпорност. На децата од предучилишна возраст им дава за:

  • за зајакнување на отпорноста кога ќе тргнат во градинка
  • во сезона на настинки (од септември до март)
  • кога децата се во контакт со заболени лица
  • кај деца со чести повторувачки инфекции (настинки, вируси, ларингитис, бронхитис, инфекции на увото, ангина)
  • кај ослабен имунолошки систем по закрепнување од одредена болест или по операција
  • по прележана варичела

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.