Јелена Новаковиќ, маг. фарм.
Почетна >Имуноблог >Defendyl® > Кој е најефикасен начин да се заштитите од други инфекции по прележан COVID-19 ?

Кој е најефикасен начин да се заштитите од други инфекции по прележан COVID-19 ?

Како побрзо да закрепнете по прележана инфекција од новиот корона вирус? Ова е главна тема во научните кругови, медиумите, но и во секојдневните разговори на луѓето.

Од минатата година светот се соочува со најголемиот здравствен проблем на 21- от век. Ново-откриената болест COVID-19 e предизвикана од новиот корона вирус (SARS-CoV-2). COVID-19 има широка палета на клинички манифестации: од слаба настинка (околу 80%), до воспаление на белите дробови ( околу 14,2 % ), до тежок акутен респираторен синдром (околу 6 %) кој може да заврши и со смрт (1 %).

 

 

Домашното лекување кај пациентите со полесна клиничка слика, без воспаление на белите дробови, подразбира мирување, земање на голема количина течности, витамини и таблети за намалување на температура и ублажување на болките. Должината на закрепнувањето зависи од симптомите и сериозноста на клиничката слика, но кај 80 % од пациентите болеста трае 2 до 3 недели. Кај повеќето пациенти, веќе по првата недела, температурата се нормализира, а во втората исчезнуваат и останатите симптоми.

За разлика од останатите вирусни инфекции, се покажало дека имунолошките клетки кај пациенти, дури и 2 до 3 месеци по закрепнување од SARS-CoV-2 инфекцијата манифестираат „замор и исцрпеност“, што доведува до зголемена чувствителност спрема останати инфекции (најчесто вирусни). Специјалисти клинички имунолози препорачуваат по нормализирање на симптомите на акутната SARS-CoV-2 инфекција што побрзо да се започне со зајакнување на имунолошкиот одговор со примена на природни препарати кои имаат докажана ефикасност на зголемување на бројот, но и на функцијата на имунолошките клетки.

Кој е најдобриот начин за побрзо закрепнување и заштита на организмот од останати инфекции по прележан COVID-19?

Defendyl P4H®е докажано ефикасен во зајакнување на имунолошкиот одговор кај сите респираторни инфекции и може да се препорача и за побрзо зајакнување на имунолошкиот одговор по прележан COVID-19. Поради својата докажана ефикасност е ставен на листата на препорачани имуномодулатори за зајакнување на имунолошкиот одговор и е објавен во стручна литература на европските имунолози1 

Defendyl P4H® со витамин Ц и цинк може да се примени за закрепнување и нормализирање на ослабениот имунитет по прележана SARS-CoV-2 инфекција, бидејќи ја зголемува активноста и бројот на имунолошките клетки кои се неопходни во овој период како би се заштитиле од други инфекции кои кружат во нашата околина.

На крај не заборавајте дека на организмот му е неопходен одмор, сон и квалитетна исхрана.

Чувајте се и чувајте ги Вашите најблиски со Defendyl P4H®.

Literatura: 1Jesenak et al. Front Cell Infect Microbiol. 2020 Jun 30;10:364.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.