Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Стручно> Клиничко испитување: Спортисти кои користеле Defendyl имаат помал број на респираторни инфекции

Клиничко испитување: Спортисти кои користеле Defendyl имаат помал број на респираторни инфекции

Адекватната физичка активност е корисна за работата на имунолошкиот систем, а преоптеретеноста и недоволната регенерација (т.н. хронична имуносупресија) сериозно го ослабуваат имунолошкиот систем и во такви случаи постои поголем ризик за појава на инфекции на респираторниот систем како што се настинка и грип.

 

 

Во испитувањето објавено во списанието European Journal of Applied Physiology* докажано е дека кај оние спортистите кои употребувале додаток во исхраната со имуноглукан во својот составот, имунолошкиот систем е појак и тие поретко заболуваат од горнореспираторни инфекции.

Во истражувањето се испитувале ефектите на имуноглукан, нерастворлив облик на бета-глукан изолиран од габата Pleurotus ostreatus, за која претходно е докажано дека ја поттикнува работата на имунолошкиот систем. Во испитувањето биле вклучени 50 спортисти кои во период од три месеци користеле капсули со имуноглукан (активна група), односно плацебо (контролна група). Симптомите на респираторните инфекции се следени 6 месеци; 3 месеци пред почеток на терапијата и 3 месеци за време на употребата на имуноглукан, односно плацебо.

Повеќе клетки природни убијци кои помагаат во борбата против инфекциите

Резултатите покажале дека спортистите кои употребувале додаток во исхраната со имуноглукан во споредба со контролната група, имале повисоко ниво на клетки природни убијци, (NK) – клетки во имунолошкиот систем кои помагаат во борбата против инфекции и помал број симптоми на горнореспираторни инфекции. Горнореспираторните инфекции за време на тренинзите или натпреварите може негативно да влијаат врз резултатите на спортистите. Истражувачите заклучиле дека за спортистите кои интензивно тренираат, имуноглуканот како додаток во исхраната е многу корисен бидејќи им помага да ја одржуваат отпорноста.

 

* Bergendiova K, Pleuran (β-glucan from Pleurotus ostreatus) supplementation, cellular immune response and respiratory tract infections in athletes. European Journal of Applied Physiology, September 2011, 111 (9): 2033–40.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.