Почетна >Имуноблог >Стручно > Како се развива имунолошкиот систем во детството и што влијае на него?

Како се развива имунолошкиот систем во детството и што влијае на него?

За нормален тек на бременоста пресудно е да имунолошкиот систем на детето не реагира на мајчините антигени (тнр. Молекули кои го покренуваат имунолошкиот одговор), но ситуацијата се менува веднаш по породувањето – имунолошкиот систем на детето мора да реагира на бројни нови фактори на околината во која се наоѓа. 

 

 

Имунолошкиот систем при раѓањето и негово функционирање

Имунолошкиот систем можеме грубо да го поделиме на: вроден и стекнат имунолошки систем. Вродениот имунолошки систем е прва одбрамбена линија, имено човековото тело се штити од продор на бактерии, вируси и паразити со помош на физички бариери (на пр. кожа), дополнителни заштитни механизми (на пр. желудочна киселина) и имунолошки клетки, чија задача е откривање и уништување на непознати микроорганизми. Имунолошките клетки кои учествуваат во вродениот имунолошки одговор спаѓаат: фагоцити, базофили, еозинофили и природни клетки убијци кои се развиваат во текот на бременоста.

Вродениот имунолошки систем после раѓањето сѐ уште не е во потполност развиен и неговото делување е ограничено споредено со делувањето на имунолошкиот систем на возрасен човек. Покрај тоа, недоносените бебиња имаат уште поголем ризик за развој на бактериски и вирусни инфекции поради што количината на имунолошките клетки значајно се зголемува во последните месеци од бременоста. Одговорот на вродениот имунолошки систем е брз, но неспецифичен и поради тоа помалку ефикасен од одговорот на стекнатиот имунолошки систем. Клетките на стекнатиот имунолошки систем, тнр. B-лимфоцити и T-лимфоцити, во текот на развојот наидуваат на молекули кои се составен дел на предизвикувачите на болестите. Врз основа на тоа, имунолошките клетки при следниот контакт ги препознаваат предизвикувачите на болестите и реагираат на нив, при што оневозможуваат развој на болести. Лимфоцитите настануваат во тек на пренаталниот развој, а стекнатиот имунолошки систем се развива дури после раѓањето. Како резултат на тоа, ефикасноста на стекнатиот имунитет кај доенчињата е послаба во споредба со поголемите деца и возрасните.


Одговорот на вродениот имунолошки систем е брз, но неспецифичен и поради тоа помалку ефикасен од одговорот на стекнатиот имунолошки систем. 

Имунолошкиот систем се развива постепено во текот на детството

Клучна заштита од инфективни болести во раното детство овозможуваат мајчините антитела кои детето ги добива во текот на бременоста преку плацентата и по раѓањето преку мајчиното млеко. Покрај мајчините антитела децата со доењето добиваат и разни материи кои допринесуваат за созревање на имунолошкиот систем.

Низ текот на годините имунолошкиот систем може да овозможи подобра заштита од предизвикувачите на болести поради што имунолошкиот систем создал збирка на антитела за борба против инфекциите врз основа на претходните вирусни, бактериски и паразитски инфекции. Делувањето на имунолошкиот систем се подобрува преку различни стимулатори, како што се на пр. контакт со храна и разни молекули кои ги вдишуваме, а додека ризикот од инфекции значително се намалува и преку вакцинирање, поради што децата развиваат антитела против предизвикувачите на болести кои се опасни по живот. Како резултат на тоа имунолошкиот систем нуди добра заштита од инфекции кај возрасни, но во зрелите години повторно почнува да опаѓа.

Здравата исхрана значајно допринесува за функционирање на имунолошкиот систем

За оптимално функционирање на имунолошкиот систем потребна е здрава исхрана која ги овозможува сите потребни макро и микронутритиенти. Микронутритиентите имаат важна улога во функционирањето на имунолошкиот систем поради што витамините и минералите (на пр. витамин А, B2, B12, C, фолна киселина, витамин Д, железо, цинк) допринесуваат за зголемување на бројот на имунолошките клетки и нивна зголемена активност и го поттикнуваат создавањето на антитела со кои организмот се бори против инфекциите. Истовремено е важно да не се земаат поголема количини на микронутритиенти од пропишаната дневна доза поради тоа што внесена прекумерна количина на некои микронутритиенти можат да го спречат функционирањето на имунолошкиот систем.

Доволна количина на сон значително го подобрува здравјето

Кога истражувачите го следеле траењето на сонот кај здрави деца, откриле дека недостатокот на сон често предизвикува зголемување на телесната тежина што може да доведе до развој на други болести, но и до потешкотии во учењето и емоционални пореметувања во однесувањето. Недостатокот на сон исто така влијае и на имунолошкиот систем, се намалува бројот на одредени имунолошки клетки и количината на активни материи кои излачуваат имуни клетки.

Влијание на микробиотите на имунолошкиот систем

Изразот микробиоти се однесува на група на микроорганизми кои настануваат на одредено место , на пр. во цревата (тнр. цревна микробиота). Бројните бактерии кои настануваат во човековиот организам се од исклучителна важност за здраво варење и апсорпција на хранливи состојки, на пр. витамини, а исто така влијаат и на развојот на имунолошкиот систем.

Големата важност на микробиотите за развој на имунолошкиот систем покажале истражувањата во кои научниците го следеле развојот на глувци кои се родени и израснати во стерилна средина, што значи дека имаат сопствени микробиоти. Се покажало дека животните страдале од оштетување на имунолошкиот систем, а здравјето им се подобрило после неколку дена откако дошле во контакт со нормална микробиота.

Истражувањата покажале низа на позитивни дејства од употребата на пробиотици кај здрави особи, вклучувајќи и позитивни ефекти врз имунолошкиот систем, а пак некои истражувања покажале и позитивен ефект при употреба на пробиотик кај здрави деца. При тоа треба да се истакне дека не се сите пробитици исти; поради тоа треба да избереме пробиотик за кој клиничките испитувања докажале дека е безбеден и адекватен за деца. Еден од најиспитуваните пробитски соеви е Lactobacillus rhamnosus GG. За деца кои го употребувале овој вид на пробиотик установено е дека побрзо се опоравиле од дијареа, а употребата на пробиотик го намалило ризикот од развој на воспаление на средно уво и инфекции на горни респираторни патишта. тнр. инфекции на носна слузокожа, параназални синуси и грло.

На функционирањето на имунолошкиот систем влијае и употребата на имуномодулатори

Имуномодулатори се материи кои влијаат на функционирањето на имунолошкиот систем , а во нив спаѓаат куркума, Алое вера, гинсенг и бета-глукани. Истражувањата покажале дека од сите наброени, бета-глуканите имаат најголемо имуномодулаторно дејство. Тоа се природни полисахариди (шеќери) кои се наоѓаат во некои габи и квасци и кои влијаат на имунолошките клетки на вродениот и стекнатиот имунитет.

Истражувачите во Одделението за патолошка и лабараториска медицина при Американскиот Универзитет во Луисвил откриле дека употребата на бета-глукан влијае на имунолошкиот систем на децата. Истражувањето опфатило 40 деца кои секојдневно употребувале бета-глукан, а истражувачите секојдневно го следеле нивото на антитела и општата здравствена состојба. Се установило дека употребата на бета-глукан го стимулирал имунолошкиот систем кај децата.

Defendyl P4H сируп содржи природен полисахарид (бета-глукан) изолиран од печурка буковка и е клинички докажан за примена во детска возраст.

 

Литература

Simon A.K. in sod., 2015. Evolution of the immune system in humans from infancy to old age. Proceedings, Biological Sciences, 282(1821):20143085.
Childs C.E. in sod., 2019. Diet and immune function. Nutrients, 11(8): 1933.
Vevticka V. in sod., 2019. Beta glucan: Supplement or drug? From laboratory to clinical trials. Molecules, 24(7): 1251.
Ibarra-Coronado E.G. in sod., 2015. The bidirectional relationship between sleep and immunity against infections. Journal of Immunology Research, 2015: 678164.
Besedovsky L. in sod., 2019. The sleep-immune crosstalk in health and disease. Physiological Reviews, 99(3): 1325-1380.
Maggini S. in sod., 2018. Immune function and micronutrient requirements change over the life course. Nutrients, 10(10): 1531.
Quin C. in sod., 2018. Probiotic supplementation and associated infant gut microbiome and health: a cautionary retrospective clinical comparison. Scientific Reports, 8:8283.
Vandenplas Y., Savino F., 2019. Probiotics and prebiotics in pediatrics: What is new? Nutrients, 11(2): 431. Kaminogawa S., Nanno M., 2004. Modulation of immune functions by foods. Evidence based Complementary Alternative Medicine, 1(3): 241-250.
Ashraf R., Shah N.P., 2014. Immune system stimulation by probiotic microorganisms. Critical Reviews in Food Science and Nutrition, 54(7): 938-956.
Richter J. in sod., 2015. Beta-glucan affects mucosal immunity in children with chronic respiratory problems under physical stress: clinical trials. Annals of translational medicine, 3(4): 52.
Hojsak I. in sod., 2017. Probiotics in children: What is the evidence? Pediatric Gastroenterology, Hepatology and Nutrition, 20(3):139-146.
Liu S. in sod., 2013. Lactobacillus rhamnosus GG supplementation for preventing respiratory infection in children: a meta-analysis of randomized, placebo-controlled trials. Indian Pediatrics, 50(4):377-381.
Hojsak I. in sod., 2010. Lactobacillus GG in the prevention of gastrointestinal and respiratory tract infections in children who attend day care centers: a randomized, double-blind, placebo-controlled trial. Clinical Nutrition, 29:312-316.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.