Матиц Долинар, Мр фарм
Почетна >Имуноблог >Интересно > Инфекции кои децата тешко може да ги избегнат

Инфекции кои децата тешко може да ги избегнат

На почеток на школската година и во текот на есенските и зимските месеци, многу инфекции ги напаѓаат нашите деца што понекогаш е тешко да се избегне. Кои се тие инфекции и што е карактеристично за нив, накратко ќе ви откриеме.

 

 

Настинка

Настинката е заразна вирусна болест која влијае на горните дишни патишта, особено на носот, а вообичаено и на грлото и синусите. Кашлица, воспалено грло, течење на нос, кивање, главоболка и покачена температура се карактеристични за настинката и најчесно исчезнуваат за една недела или нешто подолго, а во најлош случај за три недели. Важна мерка за заштита од инфекции е миење раце, особено ако претходно сме биле на места со многу луѓе како што се автобуси, трговски центри, амбуланти.

Грип

Грипот е предизвикан од вирусот на инфлуенца. Инфекциите се манифестираат со покачена температура, течење на нос, болки во грлото, мускулна болка, главоболка, кашлање и кивање, како и чувство на умор. Кај децата може да се појави и пролив и повраќање. Во сериозна форма на грип може да се појави и воспаление на белите дробови, што за одредена група на луѓе може да биде фатално.


 

 

Бронхитис

Воспаление на слузокожата на бронхиите се нарекува бронхитис. Во повеќе случаи тоа е последица од вирусните инфекции на респираторниот систем, а може да биде и од бактериско потекло. Обично настанува од настинка. Бронхитисот се карактеризира со стеснување на дишните патишта, искашлување на зголемена количина на гнојав секрет и отежнато дишење. Често се појавува кај пушачи и луѓе со хронична белодробна и респираторна болест.

Воспаление на белите дробови

Пневмонијата е инфекција на белите дробови со воспаление на белодробните алвеоли (воздушни меурчиња) кои се исполнети со гнојав секрет, што го отежнува дишењето и внесот на кислород е ограничен. Воспалението на белите дробови е придружено со кашлица, болка во градите и покачена телесна температура. Нејзини предизвикувачи се вируси, бактерии и габи. Најчесто се јавува кај пушачи и луѓе кои престојуваат во просторија со сув воздух.

Пневмонија или воспаление на белите дробови е најголема причина за смрт на децата во светот. Според податоците на светската здравствена организација во 2015 година 16% од децата помали од пет години умреле од пневмонија.

Еден од најефикасните начини да не дојде до настинка, односно развој на погоре опишаните болести на респираторниот систем е јак имунолошки систем. Во овие случаи и тоа како може да ви помогне Defendyl PH4®, кој овозможува јакнење на имунолошкиот систем пред и за време на сезоната на настинки, витаминот Ц и цинк ги штитат клетките од оксидативен стрес и помагаат да се намали заморот и исцрпеноста.

Оставете настинката, грипот, бронхитисот, пневмонијата, болка во грло и кашлица да останат само зборови на вашиот компјутер.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.