Доц. Др. Матеја Логар
специјалист инфектолог, Инфективна клиника - Љубљана
Почетна >Имуноблог >Стручно > Грип: симптоми, лечење, превенција

Грип: симптоми, лечење, превенција

Грипот во нашите животи е присутен почесто од што можеме да замислиме. Луѓето заболуваат од грип скоро секоја година, и поради тоа не е доволно само да го препознаеме туку и да знаеме да се излечиме и заштитиме од него.

 

 

Настинка, грип или ангина?

Кога не знаеме која болест не нападнала, најдобро е да веруваме на симптомите.

Поголем број на настинки започнуваат постепено: малаксаност, болкa при голтање, студ, кивање, главоболка, а можно е и намалување на апетитот. Кај повеќето настинки немаме висока температура; исклучок се децата, кај нив може настинката да ја прати висока телесна температура.

Грипот се јавува сезонски и малку е веројатно дека од грипот ќе заболиме во есен или пак касно на пролет. За разлика од настинката, грипот започнува изненадно: се јавуваат силни болки во мускулите и зглобовите, треска, висока телесна температура, сува кашлица, болка во очите и главоболка.

Ангината може да предизвика висока телесна температура, а уште покарактеристична е болката при голтање како и зголемени и вцрвени крајници кои може да имаат бели наслаги. Симптомите на ангината се и отечени лимфни јазли во долниот дел на грлото.

Инфекција при грип

За да заболиме од грип мораме најпрво да дојдеме во контакт со вирусот. Вирусот може да влезе во телото преку ситни капки на носен секрет од дишниот систем на инфицирани лица, а можеме и индиректно т.е преку контакт со предмети на кои веќе има секрет од дишниот систем на инфицирани лица.

Ако од одреден подтип на вирус уште не сме биле заразени или пак вакцинирани, постои голема можност да при контакт со него се разболиме. Инфекција од одреден подтип на вирус не не штити од грипот во потполност, но спречува тежок тек на болеста кај нова инфекција од истиот подтип.

Колку е грипот опасен?

Ако истовремено немаме и други болести, грипот поминува без компликации и не е опасен.

За лечење на грип треба да останеме дома, да одмараме, да пиеме доволно количини на течности и да ги ублажуваме симптомите.

Кај прележување на грипот не треба скоро цело време да бидеме врзани за кревет. При појава на треска и малаксаност не се препорачува поголема физичка активност и психичко оптеретување.

После прележување на грип се препорачува со дневните активности постепено да се започнува. Особено треба да се пази во зима, поради ладниот воздух кој предизвикува кашлица и тешко дишење со што вирусите ја оштетуваат слузницата на дишниот систем која што служи како заштита од прашина и вируси.

Кога треба да се посети лекар?

Грипот може да се преболи без одење на лекар. Лекарот ќе оцени дали треба болничко лекување или пак дали треба да се препорачаат некои лекови. Грипот е вирусна инфекција така да антибиотиците не помагаат.

Посета на лекар е потребна само ако не успееме да ја намалиме температурата, тешко дишење или при посериозна основна болест. Исто така мора да посетиме лекар ако веќе сме се чувствувале добро, а потоа имаме повторно повисока температура, кашлица со исфрлање на гној. Тогаш, најверојатно се развила бактерија за која лекарот ќе препише антибиотик.


Лекувањето на грип обично трае 7 до 10 дена

Кај добар имунитет и општа кондиција грипот трае пократко, а и текот на болеста е полесен. Кај мали деца, но и кај повозрасни лица, и лица со хронична болест, грипот има потежок облик но и подолго трае. Потешка симптоматологија при грип е можна и кога прв пат ќе се инфицираме. Секоја година може да се разболиме од различен вирус кој предизвикува грип.

Лекови против грип

Лечење на вирусна инфекција со антибиотик нема смисла, така што за грипот не постојат посебни лекови, меѓутоа може да ги лечиме симптомите.

Во оваа област можеме да одбереме некои од бројните аналгетици кои ја олеснуваат болката, а брзото опоравување допринесува и за зголемен имунитет. Во последните години има се повеќе докази за биоактивни полисахариди (Imunoglukan® Defendyl) кои стимулираат зголемување на имунитетот. Со тоа се овозможува подобра и побрза одбрана на организмот од вирусните инфекции.

Природно лечење на грип

При примена на лековити билки и лекови мораме да бидеме внимателни поради што може да содржат супстанции кои неповолно делуваат во комбинација со други лекови. Најсигурно е да се земаат лекови кои имаат една активна супстанција. Кај комбинација на повеќе лековити состојки тешко е да се предвиди како ќе делуваат заедно. Во секој случај, лековите треба да се купуваат во аптека поради што можеме да добиеме информација од фармацевтот за можните несакани ефекти.

Спречување на грип

Грипот може да се спречи со вакцинирање. Вакцинирањето се врши во ноември или декември уште пред да се појави грипот, а вакцинирањето се повторува секоја година. Вакцината не гарантира долготраен имунитет, а делува само против оние подтипови кои се присутни во вакцината. Секоја година помеѓу нас кружат најразлични подтипови на вируси и затоа секоја година се менува составот на вакцината.

Иако вакцината е доста безбедна, сепак не е 100% ефикасна и може да се случи да се разболиме од грип. Кај старите лица, ефикасноста на спречување на грип се намалува, меѓутоа не значи дека вакцинирањето е бесмислено.

Вакцинирањето спречува тешкотии при прележување на грипот, се намалуваат лежечките пациенти во болница и спречува појава на пневмонија.

Од вирусот на грипот и настинката можеме да се заштитиме така што нема да се задржуваме во затворени простории, сувиот воздух ја суши слузокожата со што се овозможува лесен влез на вирусот во телото. Паметно е да се избегнуваат и простории во кои има болни лица.

Првенствено мораме да внимаваме на тоа да одржуваме добра физичка активност и да имаме урамнотежена исхрана, но и добро спиење и одмор. Само така нашиот имунолошки систем ќе биде силен и ќе се соочува со сите вируси и бактерии кои ни се закануваат.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.