Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Интересно> Грип кај децата: како да го препознаете и лекувате

Грип кај децата: како да го препознаете и лекувате

Вашето дете „гори“, му измеривте температура 39 °C, се чувствува лошо, има треска, нема апетит и го боли целото тело. А што сега? Постои голема веројатност дека се работи за грип. Да провериме што знаете за грипот кај децата. 

 

 

Разлика помеѓу настинка и грип

Настинката е една од најчестите инфекции на горните респираторни патишта, која може да биде предизвикана повеќе од 200 различни врсти на вируси. Симптомите на настинка се јавуваат постепено, 10 – 12 часа од инфекцијата, а пикот на инфекцијата се постигнува после 1,5 до 3 дена. Најчесто сѐ започнува со болка во грлото и/или воспаление на слузокожата на носот. Дали ќе ја лекуваме настинката или не, старата мудрост вели дека таа трае 7 дека, односно една недела. Меѓутоа во оваа „мудрост“ не можеме да имаме премногу доверба, бидејки за време на настинката е многу важно да ги спречиме понатамошните инфекции и да се послужиме со методи кои ќе ни помогнат да го зајакнеме имунитетот.

Кај децата кои имаат настинка или грип многу често се јавува зголемена телесна температура. При настинка детето обично има благо покачена температура и таа трае пократко отколку онаа при грипот. При грип температурата се качува над 38°C и трае од 3 до 4 дена.

Грипот се препознава по високата температура и општата малаксаност

Грипот е посериозна болест од настинката и се појавува изненадно. Кај децата симптоми се треска, безволност и губиток на апетит. Како и настинката и грипот е предизвикан од вирус, поточно инфлуенца вирусот (вирус на грип). Познати се повеќе типови на вируси – A, B i C, а кај луѓето најчесто причинител е вирусот тип A и B. Симптомите на болеста се јавуваат истовремено и брзо после инфекцијата, односно 4 – 6 часа подоцна.

Грипот се пренесува преку капка

Вирусот на инфлуенца се пренесува преку капка, и тоа на три начини:

  1. со непосреден допир, ракување или бакнување,
  2. преку заразни капки, при кашлање или кивање и
  3. преку воздух.

Исто така особено е важно да се зајакне имунтетот на болното дете и остатокот од семејството, за да не се прошири заразната болест во целото семејство. 

Малите деца излачуваат поголема количина на вирус од возрасните, па затоа се заразни по 7 и повеќе денови. Затоа грипот многу брзо се шири помеѓу децата во школите и градинките, каде многу деца се заедно и од едно дете со грип може да биде заразена целата група. За да го спречите ова, Ве советуваме вашето дете да остане дома и да не оди во градинка или на училиште додека не оздрави потполно.

Исто така особено е важно да се зајакне имунтетот на болното дете и остатокот од семејството, за да не се прошири заразната болест во целото семејство.

Како да ја избегнете инфекцијата од вирусот на грип?

Меѓу начините на пренесување на вирусот на грип, на прво место е инфекција со непосреден контакт, па затоа е особено важно да ги научите децата на правилно и редовно миење на рацете. Рацете ги миеме со сапун така што ги триеме дланките една од друга и внимателно го поминуваме делот помеѓу прстите, ноктите и зглобовите на рацете. Сапунот го миеме со вода, а рацете ги бришеме со хартиена или чиста памучна крпа. После миење на рацете, внимавајте што помалку да ја допирате чешмата. Рацете треба да се мијат често, пред подготовка на храна, после кивање и кашлање, после одење во тоалет, возење со јавен превоз, после контакт со болни лица... Покрај миењето на рацете, важно е да кашлате во ракавот и да ги фрлате заразните марамчиња, се со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Децата полесно го прележуваат грипот од повозрасните лица

Добра вест е дека децата во најголем број од случаите лесно го прележуваат грипот. Симптомите кај децата траат околу една недела, а оздравувањето уште недела или две. Возрасните лица исто така изненадно ги напаѓа грипот, со своите типични симптоми – висока температура, треска, главоболка, замор, болки во мускулите и коските, печење на очите, сува кашлица, болки во градите, болка во грлото, отежнато дишење низ нос, недостаток на апетит... Меѓутоа и децата и возрасните можат да го прележат грипот без посета на доктор, бидејќи не постојат посебни лекови за терапија. Посета кај доктор се препорачува ако не успеете да ја симнете температурата, имате чувство дека се гушите или тешко дишете или доколку ви се влоши општата состојбата.

Зајакнете го имунитетот на целото семејство

Кога ќе откриете дека вашето дете има грип, време е да ги олесните симптомите. Единствено ефикасно решение за грипот е одмор, внес на доволна количина на течности, употреба на лекови против зголемена температура и боли, а добро е да користите и додатоци во исхраната кои го зајакнуваат имунитетот и отпорноста на организмот, за телото на детето полесно да се избори против вирусот.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.