Јелена Новаковиќ, маг. фарм.
Почетна >Имуноблог >Стручно > Defendyl P4H® − заштита од вируси

Defendyl P4H® − заштита од вируси

Јакиот имунолошки систем е клучна одбрана на нашиот организам. Имунитетот е еден од најважните носители на нашето здравје, го штити телото од влез на вируси и ги напаѓа оние кои успеале да навлезат во нашиот организам. Доколку сакаме да го зачуваме имунолошкиот систем, мораме пред се да се погрижиме за здравиот начин на живот: добра физичка кондиција, приспособена исхрана и доволно одмор. Потребно е секојдневно да одвојуваме малку време за себе, за рекреација или релаксирање, без грижа на совест бидејќи навистина е неопходно да се грижиме за себе и своите најблиски.

 

 

Кога имунолошкиот систем е ослабен поради зголемен физички и психички стрес, зголемен број на заболени во нашата околина или по прележана инфекција, добро би било да се зајакне со природни препарати кои докажано ефикасно делуваат на зајакнување на имунолошкиот одговор. Се препорачува превентивно земање на овие препарати, но и во текот на инфекцијата со што би му овозможиле на нашиот организам пократок тек на болеста, побрзо закрепнување и заштита од нови инфекции.

Defendyl P4H содржи природен Imunoglukan®, витамин Ц и цинк. Препорака е да се зема Defendyl P4H кога е неопходно да се зајакне имунолошкиот одговор и повторно да се поткрене антивирусната заштита.

Производите Defendyl P4H преку бројните клинички испитувања се докажале како ефикасни кај различни респираторни инфекции кои се најчесто предизвикани од вируси (како што се риновируси, аденовируси, коронавируси...). Defendyl P4H производите содржат состојки кои ефикасно го активираат нашиот имунолошки одговор на повеќе начини и на тој начин не штитат од инфекции, во кој спаѓа и COVID-19. Поради препознатливата ефикасност имуноглуканот во врска со COVID-19 се споменува и во стручните трудови на европските имунолози.

Defendyl P4H е ефикасен и превентивно делува и во текот на инфекцијата. Овозможува поддршка на имунолошкиот систем по прележаната инфекција кога организмот е ослабен и особено осетлив на напад од нови вируси и бактерии од нашата околина.

Со Defendyl со сигурност сте го расипале планот на вирусите.

 

1 Jesenak M. és mtsai. Front Cell Infect Microbiol 2020

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.