Децата и настинката
Настинката и респираторните инфекции се најчеста причина за отсуство од градинка или од работа. Во градините и училиштата настинката и кашлицата брзо се шират од едно на друго дете. Во споредба со возрасните, децата почесто настинуваат бидејќи нивниот организам сеуште нема изградено целосен имунитет – при секоја вирусна инфекција телото стекнува имунитет за нов вирус.

Кога да посетите лекар?
Педијатрите и општите лекари се многу зафатени во зимскиот период бидејќи имаат многу посети од страна на пациентите за мали болести како што се настинка и кашлица. Во повеќето случаи за настинка или кашлица не треба да одите на лекар бидејќи совет за тоа како да ја излечите настинката може да добиете и во аптека.
Возрасните обично се разболуваат два до четири пати годишно, а децата дури и до осум пати во текот на годината!
90 проценти од респираторните инфекции ги предизвикуваат вируси
Луѓето често очекуваат дека за кашлица и настинка лекарот ќе им препише антибиотик. Во поголемиот број на случаи антибиотиците нема да имаат ефект и најдобро би било добро да се покриете, да пиете течности и да се испотите. Кога имунолошкиот одговор е слаб, природните имуномодулатори како што е Defendyl Imunoglukan® може да помогнат во подобрување на отпорноста на телото.
Дали знаевте дека?
За децата чии родители се пушачи е поголема веројатноста да имаат проблеми со настинка или кашлица.
Изберете вистинкси производ за Вас

Боенка
Превземете боенка за Вашето дете. Ќе ни биде задоволство ако ни пратите слика на меил да видиме како сте ја обоиле.
Уживајте во боењето со децата!
Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.
Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.