Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Defendyl®> Дали сте алергични? На полен, влакна или можеби и на шефот

Дали сте алергични? На полен, влакна или можеби и на шефот

Зборот алергија е од грчко потекло и значи да се реагира поинаку, прекумерно. Кај лицата со алергија, имунолошкиот систем прекумерно реагира кога е во контакт со навидум безопасна супстанца - алерген. Познати се повеќе од 20.000 алергени, како што се одредени видови на храна, полен, лекови, влакна од животни...

 

 

Има се повеќе алергии. Зошто?

Што се однесува до зголемувањето на појавата на алергии, оваа појава во последно време најмногу се потврдува со хипотезата за хигиена. Голем дел од светот живее во премногу чиста средина и поради тоа малите деца не се изложени на микроорганизми (инфекции) кои го тренираат и градат нивниот имунолошки систем. Бројни студии покажуваат дека во развиениот свет, каде преовладуваат подобри хигиенски услови и снабдување со вода, а децата имаат помалку инфекции, алергиските реакции значително се зголемуваат во споредба со помалку развиените области на светот. Според препораките на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) во согласност со хипотезата за хигиена, имунолошкиот систем кај децата треба да "научи" да реагира правилно за да може да се навикне правилно да се брани.1 Ова секако не значи дека на пр. миењето на рацете не е толку задолжително.

Прекумерното работење на имунолошкиот систем може да биде причина за зголемена склоност кон реакции на преосетливост кон доста безопасни супстанции од околината алергени.1,2 Кога реакцијата на алергени предизвикува прекумерно производство антитела на имуноглобулин Е (IgE), говориме за атопија, а последицата е зголемена склоност кон реакции на преосетливост.

Најчестите алергени се цветен прав (полен), домашни животни, лекови, прашина, инсекти и храна3, а како причина за зголемување на фреквенцијата на алергии, исто така е наведено загадувањето на воздухот со издувни гасови и глобалните климатски промени.1, 2

Најтипични симптоми на алергиска реакција:

  • чешање,
  • осип на кожата,
  • кивање,
  • течење и затнат нос,
  • отежнато дишење,
  • кашлица,
  • крепитации во белите дробови.

Се проценува дека дури 10-30% од светската популација и дури 40% од децата страда од алергиски ринитис предизвикан од алергени во воздухот. Кај алергискиот ринитис, мукозната мембрана на носот е воспалена, што доведува до карактеристични симптоми како кивање, течење и затнат нос, како и чешање на очите.4

Деца и алергии

Развојот на алергии кај децата може да биде генетски условен. Ако еден од родителите е атопичен, алергијата кај детето може да се појави во 30%, а ако и двајцата родители се атопични, можноста за алергии кај детето се зголемува на цели 60%. Децата до една година се најчесто алергични на протеини од кравјо млеко, јајца и житни култури. Знаците на алергија се манифестираат како проблеми во гастроинтестиналниот систем (повраќање, болки во стомакот, дијареа) и на кожата (атопичен дерматитис). Алергијата најчесто исчезнува постепено, а по третата година најчестите алергиски реакции се од алергени кои влијаат на респираторниот систем.2

Во клиничко испитување со учество на деца кои имале повторливи респираторни инфекции, дури 40% од децата имале алергии. Децата со алергии имале подолготрајни респираторни инфекции со потежок тек на болеста.5 Со ова се потврдува дека е исклучително важно луѓето со алергии да имаат и добар имунолошки систем.

Бидејќи луѓето со алергии имаат прекумерен имунолошки одговор на безопасни супстанции од околината, треба внимателно да се одберат производи за зајакнување на имунолошкиот систем. Добар пример е Defendyl P4H®, кој содржи биолошки активен полисахарид од печурката буковка (Imunoglukan®), витамин Ц и цинк. Во клиничките испитувања, потврдено е дека Defendyl P4H® може да ја регулира работата на имунолошкиот систем, односно се смирува прекумерната работа и се стимулира работата на имунолошкиот систем кога е премногу слаба.6, 7

Испитувањето кај деца со повторливи респираторни инфекции покажа дека децата кои земаат Defendyl P4H® се значително поздрави од децата во групата која земала само витамин Ц. Во студијата исто така се утврдени и намалени вредности на алергиските параметри. Кај деца со почести инфекции на респираторниот системи алергии, се препорачува употреба на Defendyl P4H®неколку месеци.6, 7

Покрај здравата исхрана и движењето на свеж воздух, важно е да знаете и како да одвоите доволно време за себе. Прекумерната чистота не е добра за нашето здравје, бидејќи имунолошкиот систем треба да се справи со „негативци“ кои го принудуваат организмот да биде постојано подготвен. Додека пак за нас оној еден час кој нема да го издвоиме за чистење, добро ќе ни дојде за опуштање.

Извори:

  1. https://www.allergychoices.com/blog/why-are-allergies-increasing/, пристапено на: 3. 6. 2021 година
  2. https://www.abczdravja.si/alergije-in-imunologija/alergijska-bolezen-v-razlicnih-oblikah/, пристапено на: 3. 6. 2021 година
  3. http://zdravstvenik.si/alergije/pogoste-alergije/, пристапено на: 3. 6. 2021 година
  4. https://medalerthelp.org/blog/allergy-statistics/, пристапено на: 3. 6. 2021 година
  5. Ciprandi et al. Pediatr Allergy Immunol. 2006 Aug;17(5):389-91.
  6. Jesenak et al. Allergol Immunopathol (Madr). 2014; 42(2): 149-156
  7. Jesenak et al. Int Immunopharmacol. 2013 Feb;15(2):395-9.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.